Ја ограбија сосетката на паркинг во Скопје, а на тетка ми пред зграда ѝ скинаа ланче од врат – што ни се случува?

ja-ograbija-sosetkata-na-parking-vo-skopje-a-na-tetka-mi-pred-zgrada-i-skinaa-lanche-shto-ni-se-sluchuva-01.jpg

Сосетката ми раскажа како пред зграда, влегувајќи во автомобилот, си ја ставила чантата на задно седиште преку задната врата, си затворила и додека да седне напред, на возачкото седиште, некој одзади отворил врата ѝ ја грабнал чантата и избегал, додека таа воопшто да се свести.

ja-ograbija-sosetkata-na-parking-vo-skopje-a-na-tetka-mi-pred-zgrada-i-skinaa-lanche-shto-ni-se-sluchuva-04.jpg

Само пред една седмица, пак, тетка ми ми кажа како пред зграда (живее во друга скопска населба) од врат ѝ го скинале златното ланче.

Ајде што ѝ го украле, туку ја преплашиле, мислела ќе се задави, а има и мала црвена лузна на вратот. Жената е во 70-тите години од животот и замислете како ќе се чувствува сега при секоја наредна прошетка.

Ќе наслушнува кој е зад неа и ќе живее во константен страв.

Пред еден месец на пријател му влегле во станот, додека сите биле на работа, што значи среде бел ден и му ја земале целата колекција на скапи часовници и накит.

Електронски уреди не допреле. Точно знаеле што бараат и што ќе продадат најлесно.

ja-ograbija-sosetkata-na-parking-vo-skopje-a-na-tetka-mi-pred-zgrada-i-skinaa-lanche-shto-ni-se-sluchuva-03.jpg

Ниту сум човек што е параноичен, па дури ниту внимателен, што е погрешно признавам, но некако од сите овие приказни ми се наби страв во коски.

Каде живееме?

Што се случува?

До каде ќе оди ова?

Зарем треба секогаш да наслушнувам и со ширум отворени очи да гледам некој да не ме набљудува или од немај каде ќе истрча и ќе ми ја грабне чантата?

Не, не сакам да живеам во страв и не, не сакам да верувам дека живеам во дувло на криминалот.

ja-ograbija-sosetkata-na-parking-vo-skopje-a-na-tetka-mi-pred-zgrada-i-skinaa-lanche-shto-ni-se-sluchuva-02.jpg

Разбирам дека е тешко и семејства едвај се прехрануваат, но криминалот никогаш не бил, ниту ќе биде решение.

Можеби изгледа како најлесниот пат до нешто, но е нехумано, нечовечки, а може и да испадне дека е најтешкиот пат, односно да заврши со казна затвор.

Наместо тоа, секој нека се зафати со работа, а ние како општество да се организираме и на социјално најзагрозените групи да им помогнеме.

Ужасно е да се стрепи за корка леб, но и за мирен сон и живот без страв во коски дали и кога ќе бидеме нападнати и ограбени.

Не, не сакам таква Македонија!

Можеме ние подобро, знаеме ние подобро... Не сме нелуѓе, барем длабоко во себе верувам и се надевам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело/фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
„За културниот сосед од 4-ти кат во мојата зграда во Скопје, ти благодарам што постоиш“ Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби со состанарите од згра...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац... Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...

Најчитани неделава