„Најчеста лага е онаа што си ја кажуваме себеси“ – Мудри цитати од Фридрих Ниче за животот и љубовта, што ќе ве замислат

„Ниту најмоќните очила понекогаш не успеваат да ја излекуваат личноста што е вљубена“. Ова е еден од попознатите цитати на Фридрих Ниче за љубовта. Прочитајте уште неколку негови инспиративни цитати за животот и љубовта...

najchesta-laga-e-onaa-shto-si-ja-kazhuvame-sebesi-mudri-citati-od-fridrih-niche-za-zhivotot-i-ljubovta-shto-kje-ve-zamislat-01.jpg

Фридрих Вилхелм Ниче важи за еден од највлијателните германски филозофи, критичари, поети, филолози и есеисти.

Неговите идеи за религијата, моралот, доброто и злото и до ден-денешен привлекуваат внимание, а важи за еден од најпровокативните мислители на своето време.

Некои од неговите најпознати книги се: „Така зборуваше Заратустра“, „Антихрист“, „Ecce Homo“, а за неговиот лик и дело се зборува и во филмот „Кога Ниче плачеше“.

Во продолжение издвојуваме неколку негови цитати за животот и љубовта што сигурно ќе ве натераат да размислите:

1. „Најчеста лага е онаа што си ја кажуваме себеси, лажењето на другите е исклучок“ ;

2. „Не сум вознемирен што ме лажеш, туку затоа што повеќе не можам да ти верувам“ ;

3. „Не е недостатокот на љубов, туку недостатокот на пријателство го прави бракот несреќен“ ;

4. „Да се живее значи да се страда, да се преживее значи да се најде некое значење во страдањето“ ;

5. „Го сакаме животот не затоа што сме навикнати да живееме, туку затоа што сме навикнати да сакаме“ ;

6. „Љубовта е слепа, а пријателството ги покрива очите“ ;

7. „Ниту најмоќните очила понекогаш не успеваат да ја излекуваат личноста што е вљубена“ ;

8. „Барањето да се биде сакан е најарогантно од сите арогантни претпоставки“ ;

9. „Сѐ што е направено во име на љубовта е поголемо од доброто и злото“ ;

10. „Во секој вистински човек се крие по едно дете што сака да си игра“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава