Ги создал атомските бомби фрлени во Јапонија, починал од тешка болест – Кој бил Опенхајмер?
По нападот на Перл Харбор и влегувањето на САД во Втората светска војна, интересите на полето на физиката се менуваат. Па така Опенхајмер бил назначен за директор на Лос Аламос лабораторијата во Ново Мексико, која била задолжена за производството на атомската бомба.

Неговиот тим бил задолжен за креирање на двете атомски бомби што потоа ќе бидат фрлени над Хирошима и Нагасаки во Јапонија.

Се верува дека Опенхајмер бил згрозен од разорната моќ на неговиот труд. Подоцна изјавил дека за време на тестирањата помислувал на стиховите од хиндуистичкиот еп „Багават гита“:
„Јас станав Смртта – разурнувач на светови“.

Се верува дека имал толку голема грижа на совеста што дури отворено му кажал на тогашниот претседател на САД, Труман:
„Господине претседателе, имам крв на рацете!“

По завршувањето на Втората светска војна, Опенхајмер бил назначен за претседател на Комисијата за атомска енергија, но гласно се залагал против креирањето на водородната бомба, која требало да биде 1.000 пати посилна од атомска бомба.
Според него тој изум бил „Изум за измачување кој воопшто не би имал никаква смисла“.

Заради неговите левичарски политички убедувања, Опенхајмер се нашол под истрага во 1953-та година, по што бил отстранет од Комисијата за атомска енергија.
Во следната деценија, целосно се повлекол од јавниот живот, бил посветен на предавањата и работел како консултант во научни институции.

Тој бил зависник од тутун и две години пред смртта му бил дијагностициран рак на грлото, по што морал да оди на операција и на терапија со зрачење и хемотерапија. Починал на 18-ти јануари 1967-ма година на 62 години.
Опенхајмер починал со стравот дека неговиот изум, атомската бомба што ја креирал, ќе го уништи светот.

Б. С. Б.| Црнобело
Би можело да ве интересира:
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...