Биле популарни како филмски ѕвезди, имале многу девојки: Како навистина изгледал животот на гладијаторите?

Нивниот животен век бил многу краток

И покрај тоа што не се убивале во арената, гладијаторите сепак немале многу долг живот.

Повредите сепак не биле секогаш неизбежни, па во просек, гладијаторите живееле околу 25 години.

bile-popularni-kako-filmski-dzvezdi-imale-mnogu-devojki-kako-navistina-izgledal-zhivotot-na-gladijatorite-06.JPG

Скоро никогаш не се бореле против животни

Во многу филмови има сцена каде што гладијатор се бори со животно, неретко лав. Во реалноста, ова не било така честа појава.

Всушност, во древен Рим постоеле друг вид воини, познати како bestiarius кои се бореле исклучиво со животни.

Додека малкумина своеволно влегувале во арена против животно, како лав, повеќето биле присилени да се соочат со животно, како смртна казна.

bile-popularni-kako-filmski-dzvezdi-imale-mnogu-devojki-kako-navistina-izgledal-zhivotot-na-gladijatorite-08.JPG

Имало и жени гладијатори

Постојат малку наоди за жените кои биле гладијатори и веројатно ги имало во многу мал број.

Но, сепак, постојат некои записи за жени кои се бореле како гладијатори, веројатно користејќи исти оружја како и мажите.

bile-popularni-kako-filmski-dzvezdi-imale-mnogu-devojki-kako-navistina-izgledal-zhivotot-na-gladijatorite-09.JPG

Неретко гладијаторите стекнувале статус како на филмска ѕвезда

Како што веќе спомнавме, некои мажи се бореле во арените за пари и слава.

А, оние најдобрите биле третирани како филмски ѕвезди, па и секс симболи, и имале бројни обожавателки.

Во Помпеја се најдени графити посветени на гладијатори на кои вели дека еден воин „секоја вечер фаќал девојки во својата мрежа“, а за друг стои натписот дека бил „уживање за сите девојки“.

Младите жени биле опседнати со гладијаторите и многу често носеле и накит извалкан со нивната крв.

Доста популарна била и потта на гладијаторите која ја сметале за афродизијак.

bile-popularni-kako-filmski-dzvezdi-imale-mnogu-devojki-kako-navistina-izgledal-zhivotot-na-gladijatorite-07_copy.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава