Брат ѝ ја натерал да стане русокоса, по 30 години се откажа од раководството на Versace: Факти за Донатела Версаче

Донатела и брат ѝ Џани биле неразделни, сè до неговата трагична смрт. Донатела се осигури дека неговото наследство нема да биде заборавено, па го претвори брендот Versace во еден од најпознатите и највредните, пред да се откаже од раководната позиција.

brat-ja-nateral-da-stane-rusokosa-po-30-godini-se-otkazha-od-rakovodstvoto-na-versace-fakti-za-donatela-versache-01.jpg

Донатела Версаче е меѓу најпознатите и највлијателните модни дизајнери во светот.

Го презеде раководството на Versace по трагичната смрт на брат ѝ, а сега, 30 години подоцна, реши да се повлече од оваа позиција и повеќе да се фокусира на промоцијата на брендот.

Неколку факти за Донатела што можеби не сте ги знаеле:

Била многу блиска со брат ѝ Џани

Донатела е најмладото од четири деца и имала двајца браќа и сестра која починала многу млада.

Иако возрасната разлика меѓу неа и Џани Версаче била цела деценија, биле неразделни.

Заедно излегувале, тој ја советувал што да облекува, а доста често и заедно правеле неволји дома – на пример, краделе пари од родителите или нивниот автомобил.

brat-ja-nateral-da-stane-rusokosa-po-30-godini-se-otkazha-od-rakovodstvoto-na-versace-fakti-za-donatela-versache-02.JPG

Станала русокоса поради Џани

Донатела го слушала секој совет од Џани, па кога ѝ предложил да стане русокоса, веднаш се офарбала, без разлика што имала само 11 години.

Наводно, тогаш Џани бил опседнат со италијанската пејачка Пети Право која има долга и многу права руса коса. Па, сакал Донатела да личи на неа.

Студирала странски јазици

Џани е генијот зад брендот Versace, а додека го градел својот сон во Милано, Донатела студирала на Универзитетот во Фиренца. Изучувала странски јазици и извесен период планирала да стане професорка.

Но, додека траело студирањето, честопати одела во Милано, кај брат ѝ, за да му помогне со модните дизајни.

brat-ja-nateral-da-stane-rusokosa-po-30-godini-se-otkazha-od-rakovodstvoto-na-versace-fakti-za-donatela-versache-04.JPG

Му била муза на Џани

Пред смртта на Џани, Донатела била негова најголема инспирација, а многу сакал да ги слуша и нејзините критики.

Кога бил несигурен за некој дизајн, секогаш се консултирал со неа, дури и ако знаел дека може да добие лоша критика.

Кога Џани официјално го снова брендот во 1978 година, Донатела му стана советник, а неколку години подоцна и таа почна да дизајнира за модната куќа.

brat-ja-nateral-da-stane-rusokosa-po-30-godini-se-otkazha-od-rakovodstvoto-na-versace-fakti-za-donatela-versache-05.JPG

Има две деца

Во 1980-тите, Донатела се венча со моделот Пол Бек и заедно добија две деца – Алегра и Даниел.

Од нив, Алегра била особено блиска со брат на Донатела, Џани, па по смртта тој ѝ оставил половина од компанијата. Даниел, пак, ја добил уметничката колекција на покојниот дизајнер.

brat-ja-nateral-da-stane-rusokosa-po-30-godini-se-otkazha-od-rakovodstvoto-na-versace-fakti-za-donatela-versache-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава