Гласини за тајна свадба со Марко Ѓоковиќ - Која е мистериозната Бразилка што го освои братот на Новак?

За разлика од Новак, кој е постојано во центарот на вниманието, и од помалиот брат Ѓорѓе кој со сопругата повремено оди на јавни настани, Марко Ѓоковиќ својот приватен живот не го експонира, а неговата девојка Летисија ја нарекуваат „мистериозната Бразилка“.

glasini-za-tajna-svadba-so-marko-gjokovikj-koja-e-misterioznata-brazilka-shto-go-osvoi-bratot-na-novak-01.jpg

Летисија не сака да се експонира јавно, па затоа многумина ја нарекуваат „мистериозната Бразилка на Марко“.

Марко Ѓоковиќ, поранешниот тенисер и еден од двајцата браќа на Новак Ѓоковиќ, живее живот повлечен од јавноста и медиумите.

За разлика од неговиот постар брат кој со или без Јелена е постојано во центарот на вниманието, и од помалиот Ѓорѓе, кој со сопругата Сашка повремено се појавуваат на јавни настани, Марко само понекогаш може да се види на некој од натпреварите на неговиот брат.

Дури и во тие пригоди, најчесто е сам, без својата девојка, Бразилката Летисија Тесара.

Летисија не сака да се експонира јавно, па затоа многумина ја нарекуваат „мистериозната Бразилка на Марко“.

Што знаеме за третата снаа во семејството Ѓоковиќ?

Летисија работи како модна дизајнерка, а во една пригода Марко изјавил дека е скромна и приземна девојка.

Го освоила срцето на Марко пред повеќе од 7 години и оттогаш тие се неразделни.

Парот живее заедно во Марбеља, Шпанија, но често одат во Белград за да се видат со семејството.

Пред Марко да ја заврши тениската кариера и да почне да работи како тренер во тениска академија, таа го следеше на сите турнири и му беше најголема поддршка.

Неодамна во медиумите се појавија гласини дека тие се венчале тајно.

Нејзиниот профил на Инстаграм е затворен, а Марко, пак, на својот понекогаш споделува заеднички фотки и таму не заборава да нагласи колку многу ја сака.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава