Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со третата изгуби сè
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како сексуален зависник, а приказните за неговите три бракови и денес се раскажуваат.

Династијата Пахлави владееше со Иран до 1979 година, кога, по Иранската револуција, беше основана Исламската Република Иран, а тој со семејството пребегна во егзил.
Неговиот син, принцот Реза Пахлави, се надева дека неговото семејство наскоро ќе се врати во Иран и ќе застане на чело на земјата која долго време беше управувана од неговиот татко Мохамед Реза.
Владеењето на шахот Пахлави одбележа една голема епоха во Иран, но во јавноста многу често се зборуваше и за неговиот приватен живот, а не само за неговата политика и начинот на владеење.

Познато е дека Мохамед Реза имал голем сексуален апетит.
Во дневникот на Асадолах Алам, кој му бил десна рака во времето на владеењето, пишува дека тој често носел различни жени во своите царски одаи.
Шахот, наводно, имал секс неколкупати на ден, секој ден, а најмногу сакал синооки девојки.
Меѓутоа, кога не можеле да најдат некоја таква, Алам му носел на шахот „локален производ“, како што напишал во својот дневник.
Шахот трипати застанал пред олтарот, а секоја од трите љубовни приказни донела малку драма во неговиот живот.

Прва сопруга му била принцезата Фавзија од Египет - политички брак без љубов.
Шахот Пахлави се оженил првпат во 1939 година, кога имал само 20 години. Неговата избраничка била ќерка на султанот Фуад Први и сестра на идниот крал Фарук.
Се сметала за една од најубавите жени на своето време и ја споредувале со холивудските диви Вивиен Ли и Хеди Ламар.
Се школувала во Швајцарија, а зборувала арапски, француски и англиски јазик.

Бракот бил договаран со години и имал силна политичка позадина бидејќи ги поврзувал сунитските египетски и шиитските ирански династии.
Пред свадбата, идните младенци се виделе само еднаш, а се венчале двапати - првата церемонија се одржала во Каиро, а втората во Техеран.
Но, меѓу нив никогаш не се појавила љубов. Фавзија тешко се прилагодила на животот во Иран и никогаш не се чувствувала среќно.
Во 1940 година добиле ќерка, принцезата Шахназ.

Но, бракот наскоро бил разнишан поради гласини за неверство од двете страни, а почнале и приказни за лошиот однос на принцезата со семејството на шахот.
Во еден момент Фавзија отишла на гости кај семејството во Египет и никогаш не се вратила назад.
Разводот бил финализиран во Египет во 1945 година, а во Иран три години подоцна.
Фавзија се премажила и го поминала остатокот од животот подалеку од дворот, а починала во 2013 година во Александрија.

