Морничави факти за јапонската „шума за самоубиства“: Наоѓаат и по 100 тела годишно, некои веруваат дека е опседната
Шумата Аокигара се смета за едно од најпознатите места за самоубиство во светот. Поради ова, јапонските власти почнаа да преземаат мерки, како редовни патроли низ шумата и инсталирање безбедносни камери на влезот.

Јапонија се смета за една од земјите со највисока стапка на самоубиства и ова претставува сериозен проблем во државата.
Според податоците на Светската здравствена организација, во 2021 година Јапонија се наоѓала на 17-тото место во светот.
Многу фактори придонесуваат за оваа состојба во земјата и јапонските власти преземаат мерки за да ја подобрат ситуацијата.
Уште поморничаво е и што во Јапонија има шума која е позната по тоа што луѓето одат во неа само за да си го одземат животот.
Шумата Аокигара е лоцирана северозападно од планината Фуџи и зафаќа површина од околу 34 километри квадратни.
Иако густата шума изгледа волшебно и е идеално место за шетање или кампување, многуте самоубиства што се случуваат таму ја прават навистина морничава.
Неколку факти за јапонската „шума за самоубиство“:
Аокигара е едно од најпознатите места за самоубиство во светот
Шумата Аокигара се наоѓа на листата на најпознати места за самоубиства.
Се претпоставува дека на врвот е мостот Голден гејт во Сан Франциско, каде се документирани над 1.600 самоубиства.
Шумата Аокигара се наоѓа на второ или трето место, а точниот број на самоубиства не е познат бидејќи не сите тела се најдени.
Според некои процени, во шумата има помеѓу 30 и 100 самоубиства годишно.
Но, јапонските власти престанаа да ги споделуваат овие информации јавно, па сега точниот број е непознат.