8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив)

Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математика, црните дупки се дупки – сето ова се митови што сме ги слушнале уште во детството, но не се воопшто точни.

8-mitovi-vo-koi-veruvame-ushte-od-detstvoto-i-vistinata-zad-niv-01.jpg

Кога денес ќе слушнеме некој факт, можеме веднаш да провериме дали е точен.

Но, пред 10-20 години, немавме избор освен да веруваме во она што ќе ни го кажат.

Па, така настанале и бројни митови од кои повеќето не сме се ни сетиле да ги провериме.

Дел од најпопуларните митови кои „преживеале“ до денес:

Мит 1: Никако не смеете да влегувате во вода по јадење

Кога сте оделе на одмор во детството, сигурно ви забранувале да влегувате во вода откако ќе се најадете.

Вистината е дека нема никаков ризик дека ќе ви се случи нешто.

Секако, не е препорачливо да пливате веднаш по јадење – исто како што не треба да вежбате веднаш по обилен оброк.

Многу поризично е да влегувате во вода ако сте пиеле алкохол, особено ако сте испиле повеќе.

8-mitovi-vo-koi-veruvame-ushte-od-detstvoto-i-vistinata-zad-niv-02.jpg

Мит 2: Солената вода зоврива побрзо

Ако ставите сол во тенџере со вода, нема да зоврие побрзо.

Напротив, ако ставите сол, водата може да зоврие и малку побавно бидејќи солта ја зголемува точката на вриење. Но, за да го забележите овој ефект треба да ставите навистина големо количество.

Затоа, слободно додавајте сол кога што вам ви одговара, бидејќи не прави некоја разлика.

8-mitovi-vo-koi-veruvame-ushte-od-detstvoto-i-vistinata-zad-niv-03.jpg

Мит 3: Кучињата се потат преку јазикот

Овој мит веројатно потекнува од факт кој е погрешно разбран.

Кучињата си го ладат организмот кога дишат со отворена уста и исплазен јазик. Но, нивната пот испарува од долниот дел на нивите шепи, бидејќи таму им се лоцирани потните жлезди.

Кај луѓето, од друга страна, организмот се разладува преку потење.

8-mitovi-vo-koi-veruvame-ushte-od-detstvoto-i-vistinata-zad-niv-04.jpg

Мит 4: Ајнштајн имал слаби оценки по математика

Ова е мит со кој се тешат многу ученици на кои не им оди математика, но, за жал, не е точен. Ајнштајн бил одличен математичар.

Иако имал проблеми со приемниот испит на универзитетот ETH во Цирих, сепак бил солиден ученик и студент.

8-mitovi-vo-koi-veruvame-ushte-od-detstvoto-i-vistinata-zad-niv-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg