Светот нема ништо да ти подари, aко сакаш да имаш живот - укради го

Нашата читателска публика ја освои со книгите „А потоа...“, „Спаси ме“, „Дали ме чекаш“, „Затоа што те љубам“, „Врати ми се“, „Девојката од хартија“...

Svetot-nema-nisto-da-ti-podari-Gijom-Miso-citati-01.jpg

Францускиот писател Гијом Мисо го има вистинскиот рецепт за книжевен успех, мешајќи доза љубов, романтика и многу испреплетена мистерија во приказните. Се чини дека љубовта кон пишаниот збор го победила неговиот првичен избор на занимање – професор по економија.

Скоро во сите негови дела провејува искуството кое Мисо го стекнал живеејќи во САД, бирајќи автентични американски места како главни локации каде што се случуваат книжевните „злосторства“. Откупени се филмските права за сите негови книги досега.

Svetot-nema-nisto-da-ti-podari-Gijom-Miso-citati-02.jpg

Преведен на 36 јазици ширум светот, маестралниот Мисо останува миленик на сите генерации кои сакаат да читаат, и е причина поради која Франција може да биде горда.

А ова се мал дел од неговите најубави цитати кои само ја потврдуваат неговата литературна доминација:

1. Светот нема ништо да ти подари. Ако сакаш да имаш живот, укради го.

2. Ако ги погазиме сопствените вредности, тогаш сме погазиле сè.

3. Со последниот здив сфаќам сè: дека времето не постои, дека единствено го имаме животот, дека никогаш не треба да го потцениме, дека сите ние сме едно, и дека она најважното секогаш ни се провлекува низ прстите.

4. Бев толку блиску до тебе, што ми е ладно кога сум покрај други.

5. Судбината е изговор за оние кои одбиваат да преземат одговорност за сопствениот живот.

6. Би сакал да можев повеќе да ви помогнам, да ви помогнам да го пронајдете патот кој води низ мракот, надвор од незнаењето во кое творите. Но, ќе треба сами да го пронајдете тој пат. Мудроста никогаш нема да ја добиете на чинија. Ако е поинаку, тогаш не би била мудрост.

7. Проблемот не е во болката. Заради болката патиш, но таа не те уништува. Проблемот е во самотијата која се раѓа од болката. Таа е онаа која тивко те убива, која те одвојува од остатокот од светот. И која го буди најлошото што го имаш во себе.

8. Онаму каде што се љубиме, никогаш нема мрак.

9. Понекогаш чудата се сепак можни. Понекогаш животот за момент заборава на својата суровост и ни подарува ретки моменти на среќа.

10. Што ти е смртта... само миг невнимание и се случува несреќа. Што ти е животот... неколку електрични импулси и срцето повторно чука.

11. Мртвите се невидливи, не се отсутни. Мртвите знаат само едно: подобро е да се биде жив.

12. Знаеш дека си вљубен кога не можеш да заспиеш, затоа што реалноста е подобра од соништата.

13. Мизерна колекција на мали тајни, тоа е секој од нас.

14. Кога ќе решиш да стигнеш до дното, понижувањето е дел од договорот.

15. Што е потребно за да се пропушти љубовта? Неколку секунди, одолговлекување, можност.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg