Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Жените веруваат повеќе во хороскоп отколку мажите - 10 забавни факти за астрологијата

Земате списание или отварате некој сајт и првото кое го читате е хороскопот. Ви звучи познато? Според податоците несомнено е дека жените се многу повеќе опседнати и повеќе му веруваат на хороскопот отколку мажите.

10-zabavni-fakti-za-astrologijata-01.jpg

Сепак, без оглед дали верувате или не мора да признаеме дека е одлична забава, иако историските податоци потврдуваат дека во минатото хороскопот бил многу повеќе од тоа.

Па дури и денеска астрологијата се сфаќа прилично сериозно од страна на многумина, а во САД постои дури и сертифициран факултет за астролози.

Во меѓувреме прочитајте ги следните 10 интересни факти врзани со една од нашите омилени области, хороскопот:

1. 75% од астролозите се жени. Воедно, жените како пол се многу повеќе опседнати и повеќе веруваат во хороскоп за разлика од мажите.

2. Астролозите тврдат дека месечината го има истиот ефект врз луѓето како и врз океанот. Доколку месечината може да предизвика плима, не може да нема никаков ефект и врз човековото тело кое се состои од 75% вода.

Месечината е поврзана со предизвикување на длабоки чувства и луѓето тогаш се под силен емоционален набој во состојба која ги доведува до солзи. Се смета дека моќта на месечината има и особено влијание врз менструалниот циклус кај жените.

3. Дури една третина од населението во Америка верува во астрологијата. Професионалците и директорите припаѓаат во групата која верува во хороскоп и многу се потпираат на астрологијата, според истражување на релевантен американски медиум.

4. Најпознатиот астролог е Нострадамус за кој вели дека предвидел настани како Втората Светска Војна, атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди, како и нападот на Светскиот Трговски Центар.

5. Доколку на Google го пребарувате терминот астрологија (astrology) ќе ви излезат над 2 милиони сајтови со податоци.

6. Зодијакот оригинално бил направен во форма на календар за земјоделците, кој го прикажувал времето на сеидба и жетва, според појавувањето и заоѓањето на ѕвездите (особено Сириус) или други останати забележливи соѕвездија.

7. Астрологијата се смета и за наука и за уметност. Научна бидејќи е потребно математичко знаење и знаења од областа на астрономијата.

Уметност, бидејќи интерпретацијата на податоците бара од астрологот да спои неколку различни аспекти во едно и да формира идеја согласно индивидуалниот карактер на оној кому му ја изработува картата.

8. Се верува дека Адолф Хитлер имал личен астролог кој го советувал за време на Втората Светска Војна.

9. Астрокартографијата се занимава со влијанието на местото на раѓање. Се верува дека кога ќе ја споредите наталната карта со различни места на раѓање, таа може да покаже согласно најповолната локацијата каде би биле најсреќни и најуспешни.

10. Една обожавателка на Хитлер го однела неговиот извод од раѓање на германскиот астролог Елсбет Ебертин, која прецизно и точно предвидела дека тој ќе стане Фирер.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg