Лажно име на социјални мрежи, капетан во британска армија: Работи кои можеби не ги знаете за принцот Хари
Принцот Хари целиот свој живот го живеел пред очите на јавноста – од моментот кога се родил, па во деновите на младоста и до неговата свадба.

Тој е многу поразличен и бил поопуштен од неговиот брат Вилијам, многупати се спротивставувал на правилата и бил „лошо момче“, па со самото тоа медиумите имале поголем „пристап“ до неговиот живот.
Сепак, и покрај тоа, има работи кои многумина не ги знаеле за него, освен оние кои му се верни фанови и истражуваат за него.
Во продолжение погледнете неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле:
Неговото име не е Хари, туку принц Хенри Чарлс Алберт Дејвид, а Хари е само неформален прекар.

Тој е висок 1.85 m, а покрај Меган која е висока 1.67 m, принцот изгледа многу повисоко.

Принцот Хари разговарал по телефон со принцезата Дијана дента кога таа загинала и се кае што повикот траел толку кратко.

Тој имал слика од Хали Бери во собата во домот каде што живеел на факултет, како и други додатоци кои ја составуваат вообичаената студентска соба.

Хари и неговиот брат Вилијам добиле полубрат и полусестра откако нивниот татко принцот Чарлс се оженил со Камила.

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе...
„Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...