Ким ја „поткупува“ Норт со шминка, Кајли забранува телевизија: Методите за воспитување на Кардашијан-Џенер
Најмалите генерации на Кардашијан-Џенер семејството, растат брзо и веќе почнуваат да навлегуваат во светот на нивните мајки.
Норт Вест веќе неколкупати ја видовме облечена во облека од Ким и со шминка на лицето, но како се поставуваат останатите сестри со нивните деца?
Дали се строги или премногу им дозволуваат и ги размазуваат- кои се нивните методи на воспитување?
Ким ја поткупува Норт со шминка за да ја натера да оди во училиште.
Кајли не дозволува Сторми да гледа телевизија.
Кортни не дозволува микробранови во нивниот дом.
Клое не дозволува Тру да го гледа нивното реално шоу, а нема ни на другите деца во иднина, додека не наполни барем 13 години.
Децата на Кортни се на посебна без-глутенска исхрана и без млечни производи.
Ким ѝ дозволува на Норт да ја пегла косата само двапати годишно.
Децата на Ким секогаш се под 24-часовен надзор на обезбедување.
Кортни понекогаш спие со децата за да биде блиску до нив кога ќе се разбудат среде ноќ.
Децата на Кортни учат дома заради пофлексибилен распоред со снимањето на шоуто.
Кортни го ограничува времето кое децата ќе го поминуваат пред екран и уредите се забранети за време на оброци.
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
