Ослабел речиси 24 kg, имало тензија помеѓу Феникс и Де Ниро при снимањето – 30 интересни факти за „Џокер“
Откако најновиот филм на Хоакин Феникс „Џокер“ ја доживеа својата премиера, многумина беа импресионирани. Некои имаа негативни коментари, велејќи дека филмот треба да се забрани, а некои мислеа дека ова е филм на деценијата.
Без разлика какво е вашето мислење, сепак може да се сложиме дека филмот го задржува вниманието. Тој воедно поттикнува дискусија за криминалците, општеството, насилството и слободата на говорот.
Прочитајте ги следните 30 интересни факти за филмот „Џокер“ коишто можеби ќе ви разјаснат многу работи поврзани со овие дискусии, а можеби ќе ви отворат и нови теми за разговор и размислување:
1. Актерот Хоакин Феникс го базирал смеењето на Џокерот на видеа од луѓе кои патат од патолошко смеење.
2. Пред да започнат со снимањето, режисерот Филипс му кажал на Хоакин Феникс дека го замислил смеењето на Џокерот како нешто што речиси му нанесува болка.
3. За улогата на Џокерот, актерот Хоакин Феникс ослабнал 23,6 килограми.
4. Хоакин Феникс и претходниот Џокер, Хит Леџер, биле добри пријатели.
5. Филмот се случува во 1981 година, за да не биде поврзан со сегашните настани во универзумот на DC.
6. Танцот во тоалетот бил импровизиран на самото место додека траело снимањето.
7. „Џокер“ во моментот е во топ 10 филмови на сите времиња на списокот на Imdb.
8. Има најмалку 3 различни смеења кои ги има Џокерот: смеење од болка, смеење за да се вклопи во толпата и смеење од срце – она на крајот.
9. Додека се спремал за улогата, Феникс ги студирал движењата на лицето на актерите од немите филмови, како што се Бастер Китон и Реј Болџер.
10. Немиот филм „Човекот што се смее“ имал исто така големо влијание на ликот на новиот Џокер.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





