Во Аја Софија има викиншки „графити“ - Изненадувачки факти за најпознатите знаменитости ширум светот

Сте се запрашале ли некогаш што се случува со паричките што ги фрлате во фонтаните?

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-01.jpg

А, сте помислиле ли на влијанието на Големиот кинески ѕид врз природата околу него?

Иако Ајфеловата кула, Големиот кинески ѕид и Статуата на слободата се знаменитости за кои слушнал секој, ретко кој ги знае сите детали за нив.

Па, најверојатно немате слушнато за овие изненадувачки факти за најпознатите знаменитости ширум светот:

Паричките од фонтаната Треви се собираат 3 пати неделно

Фонтана Треви е една од најпознатите атракции во Рим, а бидејќи сите туристи сакаат во неа да фрлат паричка за среќа, очигледно ѝ треба редовно чистење.

Имено, паричките се собираат трипати неделно, и тоа во понеделник, среда и петок. Чистењето започнува со затворање на фонтаната, помеѓу 8 и 9 навечер.

Но, колкава е сумата на паричките?

Во просек, во фонтаната секојдневно се фрлаат околу 3.000 евра, а во 2016-та биле собрани дури 1,4 милиони евра.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-02.jpg

Ајфеловата кула има сопруга

Во 1979-та, една Швеѓанка се „венчала“ со Берлинскиот ѕид. Нејзиниот пример го следела Ерика Лабри, која се „венчала“ со Ајфеловата кула.

Ерика првпат ја видела кулата во 2004-та и, наводно, веднаш била привлечена од неа. После венчавката, таа си го променила името во Ерика Ајфел.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-03.jpg

Статуата на слободата има совршени „грчки стапала“

Древните Грци верувале дека вториот прст на стапалата треба да биде поголем од палецот. Наводно, ова било знак за убавина и интелигенција. Токму поради тоа, стапалата на сите древни грчки скулптури ја имаат оваа форма.

Истите стапала ги има и Статуата на слободата која, меѓу другото, носи и грчка облека.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-04.jpg

Големиот кинески ѕид ги променил растенијата околу него

Големиот кинески ѕид е превисок за инсектите кои вршат опрашување да го прелетаат.

Едно истражување покажало дека поради ова, се појавила генетска разлика помеѓу растенијата од двете страни на ѕидот, иако се оддалечени само неколку метри едни од други.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-05.jpg

Холивудскиот знак постои благодарение на Хју Хефнер и Алис Купер

Огромниот знак на кој е испишано „Холивуд“ е направен во 1923-та, но во 1978-ма, една од буквите „О“ била речиси целосно уништена.

Истата година започнала јавна кампања за реставрација на препознатливиот холивудски знак.

Благодарение на кампањата, Хју Хефнер, Алис Купер и уште 7 донатори донирале по 27.777 долари, со чија помош знакот бил обновен.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-06.jpg

Кривата кула во Пиза сè уште се „искривува“

Експертите тврдат дека Кривата кула во Пиза ќе се искривува барем уште 200 години.

Изминативе неколку века, кулата се има искривено за околу 5,5 степени, но благодарение на реставрацијата од 1999 до 2001, кулата беше стабилизирана.

Кулата се искривува кон југ, па инженерите поставија тегови на нејзината северна страна. Притоа, отстранија и малку почва од долниот северен дел, за да ја „натераат“ да се навали кон север.

Сепак, кулата сè уште се навалува, но со многу помала брзина и веројатно ќе стои во место неколку стотици години.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава