Кратка врска со танчарка, бојкотирана од веб-сајтови - Факти за Меган Фокс што речиси ги заборавивме

Еден период, Меган Фокс беше најголемата ѕвезда во Холивуд. За жал, нејзината кариера тргна во надолна линија и денес нејзината популарност не се ни споредува со онаа од минатото.

kratka-vrska-so-tancharka-bojkotirana-od-veb-sajtovi-fakti-za-megan-foks-shto-rechisi-gi-zaboravivme-01.JPG

Иако Меган не ужива во истата слава, не би требало целосно да ја заборавиме ѕвездата од минатото.

Во продолжение погледнете неколку факти за Меган Фокс што повеќето ги заборавија:

Посакала да стане актерка поради „The Wizard of Oz“

Желбата на Меган за кариера во филмската индустрија се јавила уште во нејзиното детство.

Таа навистина го сакала филмот „The Wizard of Oz“ и тој ѝ бил инспирација да стане актерка.

kratka-vrska-so-tancharka-bojkotirana-od-veb-sajtovi-fakti-za-megan-foks-shto-rechisi-gi-zaboravivme-02.JPG

Почнала со танцување и драма на 5 години

На некој начин, Меган ја започнала нејзината кариера уште на 5-годишна возраст, кога почнала да танцува и да глуми во претстави.

Не смеела да излегува со момчиња

Меган доаѓа од навистина строго семејство. Таа пораснала само со мајка ѝ, бидејќи нејзините родители се разведени.

Иако Меган никогаш не се срамела да го покаже нејзиниот сексапил, додека живеела со мајка ѝ, не смеела ни да излегува со момчиња.

kratka-vrska-so-tancharka-bojkotirana-od-veb-sajtovi-fakti-za-megan-foks-shto-rechisi-gi-zaboravivme-03.JPG

Награди уште на 13-годишна возраст

Во 1999-та, кога имала 13 години, Меган освоила неколку награди за манекенство на American Modeling and Talent Convention.

Била малтретирана на училиште

И Меган е една од многуте кои биле малтретирани на училиште. Таа дури и го мразела средното од таа причина.

Актерката нема споделено детали, бидејќи сигурно ова е период што сака да го заборави.

kratka-vrska-so-tancharka-bojkotirana-od-veb-sajtovi-fakti-za-megan-foks-shto-rechisi-gi-zaboravivme-04.JPG

Врска со танчарка

Пред Меган да се венча, таа имала навистина интересно минато.

Откако се преселила во Лос Анџелес, актерката имала кратка врска со руска стриптизета. Наводно, Меган постојано се обидувала да ја докаже својата наклонетост кон неа, но врската сепак не преживеала.

Актерско деби во „Holiday in the Sun“

Актерската кариера на Меган започна во 2001-ва, кога доби споредна улога во филмот „Holiday in the Sun“.

Можеби тогаш не привлече многу внимание, но барем имаше шанса да го покаже својот талент.

kratka-vrska-so-tancharka-bojkotirana-od-veb-sajtovi-fakti-za-megan-foks-shto-rechisi-gi-zaboravivme-05.JPG

Многу сака животни

Меган навистина ги сака животните, а тоа го докажува со нејзините миленици – таа има чувано кучиња, мачки, папагали, па дури и свиња и коза.

Прво големо филмско појавување во „Confessions of a Teenage Drama Queen“

Меган ја доби првата голема улога во 2004-та.

Иако главната улога во „Confessions of a Teenage Drama Queen“ ѝ припаѓаше на Линдзи Лохан, овој филм беше како отскочна даска за Меган кон поголеми филмски проекти.

kratka-vrska-so-tancharka-bojkotirana-od-veb-sajtovi-fakti-za-megan-foks-shto-rechisi-gi-zaboravivme-06.JPG

Кратко појавување во „Bad Boys II“

Тешко е да се сеќавате на кратките појавувања на познатите актери на почетокот од нивната кариера, особено ако се случиле пред повеќе од 15 години.

Меган Фокс имаше вакво појавување во „Bad Boys II“, во улога на танчарка.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава