Го штити угледот на диктаторот, се плашат од неа - Што знаеме за сестрата на Ким Џонг-Ун, која може да го наследи?
Гласините дека севернокорејскиот лидер можеби починал, натераа многумина да мислат дека неговата сестра е неговиот наследник и со тоа постои можност таа да стане првиот женски диктатор во светот.
Иако нема официјални информации за состојбата на контроверзниот диктатор, по гласините за неговата операција и лошата состојба, шпекулациите за неговата можна смрт не престануваат.
Голем број експерти ја ставаат неговата сестра, Ким Јо-Џонг како иден „наследник на тронот“, со оглед на тоа дека му била еден од најблиските советници.
Па, која е Ким Јо-Џонг и што знаеме за неа, со оглед на тоа што животот на севернокорејските лидери се чува во голема тајност?
Ким Јо-Џонг е најмладата сестра на севернокорејскиот лидер и единствено женско дете на Ким Џонг-ил.
Изворите не се сигурни за нејзината возраст, но се претпоставува дека има околу 30 години и наводно е родена на 26-ти септември, 1989, но некои јужнокорејски разузнавачи тврдат дека е родена во 1987-ма.
Одела во училиште во Берн, Швајцарија, заедно со нејзиниот постар брат Ким Џонг-Ун.
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E961416981013344256&ref_url=https%3A%2F%2Fgoodyfeed.com%2Fkim-yo-jong%2F
Откако се вратила, околу 2000-та или 2001, се верува дека студирала компјутерски науки во Пјонгјанг.
Според некои извори, била многу блиска со нејзиниот татко и тој бил горд кога таа пројавила интерес за политика.
Откако завршила студии, работела во Комисијата за национална безбедност и во личниот секретаријат на Џонг-ил.
Нејзиното прво јавно појавување било на фотосесија на учесниците на третата конференција на Работничката партија на Кореја во септември 2010 година, а потоа во декември 2011 на погребот на нејзиниот татко.
Била обучувана од нејзината тетка, а кога таа ја напуштила политиката, Ким Јо ја наследила во партијата и нејзина главна улога била да го штити и промовира угледот на нејзиниот брат.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





