Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Тагата те подготвува за радост“ – мудрите стихови на Руми ќе ви ја вратат надежта во сивите денови

Mudri-stihovi-na-Rumi-01.jpg

Кога ќе настапат мрачни денови и ќе почувствувате дека сте ја изгубиле сета надеж, сетете се на следните зборови на познатиот поет Руми:

„Тагата те подготвува за радост. Ќе го исчистиш сè она што е лошо и ќе го исфрлиш од домот за да може новата радост да влезе.

Истресете го жолтото лисје од гранките на вашето срце за да на нивните места пораснат свежи, зелени ливчиња. Искорнете ги гнилите корења така што новите корени, скриени долу, имаат простор за растење.

Без оглед на тоа каква тага ќе се исфрли од срцето, очекувајте многу подобри работи да го заземат нејзиното место“.

За подобар ден, прочитајте ги и седумте животни совети кои ни ги остави Руми во наследство:

1. Во дарежливоста и помагањето, биди како водата којашто тече.

2. Во милосрдието и добрината, биди како Сонцето.

3. Во прикривањето на туѓите недостатоци, биди како ноќта.

4. Во лутината и нервозата, биди како мртовец.

5. Во скромноста и понизноста, биди како земјата.

6. Во добронамерноста, биди како морето.

7. Или претставувај се онаков каков што си, или биди онаков каков што се претставуваш дека си.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Трогателни цитати кои ќе ве потсетат дека не сте сами во вашата тага „Колективната болка нè потсетува дека не сме сами и дека нашето скршено срце е п...
„Вистинскиот лекар не само што лекува, туку и дава надеж“ и уште 10 цитати за докторите (кои ни се с... Во мигот кога Македонија ја потресе една од најголемите трагедии досега, а повеќ...
Бил расист, ги запоставувал децата – Мрачни детали за таткото на Доналд Трамп Доналд Трамп потекнува од моќно и богато семејство, но наводно неговото детство ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg