Вонматерична бременост, рекорд за „најплатена актерка по минута“ - Факти за маестралната Никол Кидман

6. Во една прилика му го спасила животот на Хју Џекмен.

На снимањето на една од сцените за филмот Australia, Никол и Хју лежеле во вреќа за спиење, кога Никол забележала отровна скорпија на ногата на актерот.

Нејзината реакција? Таа тивко му шепнала на својот колега да не мрда, се наведнала, го зграбила животното со капа и го фрлила настрана, по што добила громогласен аплауз од целиот тим.

На прашањето на новинарите зошто едноставно не ја убила скорпијата, таа одговорила:

„Никогаш не би убила животно. Секое суштество има своја цел. На ова единствено не му беше местото на ногата на Хју“.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 08 630x355.jpg

7. Ја одбила улогата во филмот Mr. and Mrs. Smith, но филмот му го препорачала на Бред Пит

Всушност, Бред ја одбил истата улога откако Кидман го напуштила проектот, поради нејзиниот преполн распоред.

Сепак, актерот се предомислил кога слушнал дека улогата е прифатена од Анџелина Џоли.

8. Била верена со Лени Кравиц

Во едно од нејзините интервјуа, таа открива дека по разводот со Том, во 2007 година не само што била во врска, туку и била верена со Лени.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele  09 630x420.jpg

9. Верувале или не, Никол за себеси вели дека е многу срамежлива.

„Не сум интровертна, но знам да бидам навистина срамежлива“, вели таа и на неколку наврати има изјавено дека по природа не е некој што се чувствува најудобно во секое опкружување, но се бори против тоа.

10. За да се подготви за улогата на филмот Birthday Girl, Кидман отишла во руската амбасада, со цел да го научи јазикот од жените вработени таму.

Како резултат на оваа несекојдневна одлука, таа се здоби со навистина позитивни критики околу нејзиното совладување на рускиот јазик, особено околу нејзиниот добар акцент.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele  10 630x402.jpg

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава