Факти за најпознатиот корејски бенд BTS - заработуваат вртоглави суми, имаат 48 милиони следбеници на Инстаграм

Само еден член на бендот говори англиски јазик, друг има фобија од микробранови печки. Во продолжение некои помалку познати факти за корејскиот поп бенд BTS.

samo-eden-govori-angliski-drug-ima-fobija-od-mikrobranovi-pechki-fakti-za-korejskiot-bend-bts-01.jpg

Корејска поп-музика или „Кеј-поп“ е популарната музика во Јужна Кореја и не вклучува само поп-музика, туку и рок, поп-рок и електронска музика. Иако, оваа музика почнува да се развива уште во 1992-та година, во светски рамки почнува да се пробива во последните неколку години. Најпознати претставници на оваа музика што се стекнаа со светска слава се бендот од седум момчиња попознат како BTS.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-02.jpg

BTS денес се синоним за успешен музички бенд со момчиња. Седумте момчиња кога започнале да настапуваат на сцената, најпрво почнале да објавуваат хип-хоп музика, за потоа да ги прошират стиловите. BTS се познати и како Bangtan Boys (што во превод од корејски значи „Непробојни извидници“), групата е составена од RM, Jin, J-Hope, Jimin, V, Suga и Jungkook.

Како фронтмен на групата се смета RM, но секој член од групата со сопствените лични карактерни особености остава печат на музиката што ја создаваат.

Еве неколку интересни факти што не сте ги знаеле за групата:

Само еден член од бендот течно говори англиски јазик

RM во минатото признал дека научил да говори англиски од популарната ТВ серија Friends. Освен што е фронтмен на групата, тој е и единствениот член на BTS што говори течен англиски јазик. Иницијалите што тој ги користи за сопственото име се кратенка од Rap Monster, но неговото вистинско име е Ким Нам-Џун.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-03.jpg

BTS носат огромни заработки за нивната земја

За разлика од другите популарни корејски бендови BTS сами ја компонираат сопствената музика. Тие заработуваат голем износ на пари, но помалку познат факт е колку нивната слава е значајна за економијата на нивната земја.

Се смета дека BTS успеале да придонесат со околу 3,6 милијарди долари во зголемувањето на приходите на Јужна Кореја.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-04.jpg

Популарноста ја стекнаа преку социјалните мрежи

Светската публика, па и нашата публика дозна за овој корејски бенд токму поради тоа што се доста присутни на социјалните мрежи, како и на YouTube. Својата слава во голема мерка ја должат токму на тоа што се меѓу првите корејски поп бендови што го сфатиле значењето на социјалните мрежи.

Нивниот профил на Twitter е првиот профил од Јужна Кореја што достигнал рекордни 10 милиони следбеници.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-05.jpg

RM има натпросечна интелигенција

Фронтменот на групата RM еднаш откри дека за време на втора година од средното образование направил тест на интелигенција на кои добил резултат од импресивни 148 поени. Во Јужна Кореја просечниот коефициент на интелигенција е 108, со што RM дефинитивно се квалификува да биде тестиран како човек со натпросечна интелигенција.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-07.jpg

Taehyung или попознат како V има проблеми со инсомнија

Раперот во бендот V признал дека има проблеми со инсомнија, со која се бори на најразлични начини. Тој обожава да се гушка кога спие, па така во неговите прегратки најчесто завршува перницата или што било друго што ќе се најде на креветот.

Тој вели дека не може да заспие доколку не гушка нешто, а другите членови од бендот имаат фотографии како доказ. За да заспие, тој исто така често чита книги пред спиење.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-06.jpg

Продолжува на следната страна...

 



Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...
Сакаат насмеани луѓе и уште 9 забавни факти за козите Козите се познати по нивната способност да напредуваат во различни средини. Искл...
Луѓето јадат глина, најголемиот град има популација како цела Македонија: 10 интересни факти за Каза... Казахстанскиот јазик и култура се длабоко вкоренети во идентитетот на земјата, а...
Повеќето сајтови се измама – Работи за Dark Web што сигурно не ги знаевте Не секој користи Dark Web за криминал, но навистина е лесно да се „наседне“ на л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg