Добил доживотна казна затвор од црквата, неговите прсти ги чува колекционер – забавни факти за Галилео Галилеј

Галилео Галилеј е една од најзначајните личности во науката – тој е нарекуван татко на астрономијата, татко на модерната физика, татко на научниот метод, како и татко на модерната наука.

dobil-dozhivotna-kazna-zatvor-od-crkvata-negovite-prsti-gi-chuva-kolekcioner-zabavni-fakti-za-galileo-galilej01.jpg

Галилео ги проучувал брзина и забрзувањето, гравитацијата, астрономијата и принципите на релативноста, а се занимавал и со применета наука и измислил неколку уреди. Накратко, Галилеј направил вистинска револуција во физиката.

Роден е во 1564 година во Италија, а починал во 1642-ра на 77-годишна возраст, зад себе оставајќи творештво кое засекогаш го промени светот во којшто живееме.

Во продолжение неколку факти кои ќе ви помогнат подобро да го запознаете Галилеј:

Не завршил факултет

Галилео го почнал образованието во манастир во близина на Фиренца и всушност сакал да стане свештеник. На неговиот татко не му се допаѓала идејата за религиозен живот, па не му дозволил да го продолжи образованието во манастирот.

На 16-годишна возраст Галилео се запишал на Универзитетот во Пиза по наредба од татко му, со цел да ја изучува медицината. Но, неговиот интерес се свртел кон математиката, па почнал да им се посветува на природните науки.

Галилео го напуштил универзитетот без да дипломира, но самиот продолжил да се занимава со математика. Тој и заработувал држејќи приватни часови по математика, пред да стане професор на Универзитетот од којшто се отпишал.

02.JPG

Ги демантирал теориите на најпознатите мислители

Во времето на Галилео, учењата и теориите на грчките филозофи имале најголемо влијание и скоро никој не ни помислувал да им се спротивстави. Но, не и Галилео.

Одличен пример за ова е побивањето на тврдењето на Аристотел дека потешките предмети паѓаат побрзо од полесните. Галилео сметал дека ова е погрешно и докажал дека е во право со едноставен експеримент – фрлајќи топчиња со различна тежина од Кривата кула во Пиза.

03.JPG

Неговите ќерки биле калуѓерки

За разлика од Галилео, неговите ќерки сепак воделе религиозен живот и биле калуѓерки.

Тој имал три ќерки со Марина Гамба – жена со која никогаш не стапил во брак.

Интересно е што иако Галилео имал многу судири со Католичката црква, останал во многу добар однос со ќерките.

Галилео имал и син кој учел медицина на Универзитетот во Пиза, изградил добра кариера и животот го поминал во Фиренца.

04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Ѝ раскина кога почна да се заљубува во неа - Љубовната приказна на Иванка Трамп и Џаред Кушнер „Кога ѝ раскинав на Иванка, таа ми рече дека тоа е најлошата одлука во мојот жив...

Најчитани неделава