Бил келнер, во врска е со богата наследничка и тежи милиони – Што знаеме за актерот кој е главна улога во Squid Game?
Во вистинскиот живот актерот што стои зад ликот на Ги Хан никогаш не би имал потреба да влезе во смртоносните игри, затоа што тежи милиони. Има повеќе бизниси, а во врска е со богата наследничка. Што знаеме за Ли Џунг Џе?

Корејската серија Squid Game го освои светот, а главен лик во серијата е Ги Хан, човекот за кого речиси сите навиваат од почетокот до крајот на целиот серијал.
Но, кој е актерот што стои зад овој лик, и колку знаеме за Ли Џунг Џе?


Ли Џунг Џе во родната Јужна Кореjа е познат актер и бизнисмен кој има 48 години, а според корејската традиција 49.

Ли пораснал во имотно семејство, но во младоста работел како келнер во кафуле, каде ја добил првата понуда да работи како модел.

По работата како модел, решил да започне кариера и како актер, па во 1993-та година за првпат се појавил во корејската ТВ драма Dinosaur Teacher.

На 21 година ја добил наградата за најдобар нов актер на повеќе филмски фестивали во Кореја.

Тој има сопствена продуцентска куќа заедно со актерот Џунг Ву Сунг, кој истовремено е и негов најдобар пријател.

Освен што е познат актер, Лу Џунг Џе во Кореја е познат бизнисмен, за кого се проценува дека има богатство од 4 милиони долари.

Иако се смета дека најголем дел од богатството го заработил како актер и модел, тој има свој синџир на ресторани кој го носи името на насловот на неговиот хит филм Il Mare, но и компанија за недвижности со назив Seorim C&D.

Ли дефинитивно е човек со повеќе таленти. Kорејските медиуми пишуваат дека откако завршил додипломски и магистерски студии за драмски и филмски уметности, тој исто така се запишал и на студии по уметност, а неговото знаење од областа на дизајнот го искористил во архитектурните решенија на неговата компанија за недвижности и во уредувањето на италијанските ресторани.

Ли е во долгогодишна врска со богатата наследничка Лим Се Ријунг, која е ќерка на претседателот на корејската компанија Daesang Group и поранешна сопруга на претседателот на Samsung Ли Џе Jунг. Наводно Ли и Лим се во врска од 2015-та година.


Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте...
„Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...