Става ботокс на секоја нова брчка, била во врска со холивудски актер – Факти за Катарина Радивојевиќ, позната како Зоне

За себе вели дека е среќно немажена, но замрзнала јајце клетки, затоа што еден ден сака да биде мајка.  Катарина Радивојевиќ по улогата во Зона Замфирова стана славна на балканските простори, имала огромна желба да се пробие во Холивуд, а била и во интимна врска со славен холивудски актер. Што знаеме за неа?

stava-botoks-na-sekoja-nova-brchka-a-bila-vo-vrska-so-slaven-holivudski-akter-fakti-za-katarina-radivojevikj-poznata-kako-zone-01.jpg

Катарина Радивојевиќ на македонската публика ѝ стана позната по улогата на Зона Замфирова во истоимениот филм од 2002-ра година, а деновиве повторно е актуелна по улогата на Цона во филмот Nečista krv – Greh Predaka.

https://www.instagram.com/p/CTGwS3lKmWl/?utm_source=ig_web_copy_link

Катарина има 42 години, за себе вели дека е среќно немажена, а спас нашла во христијанската вера.

Таа беше гостинка во емисијата Generalka каде откри дека нејзиниот добар изглед меѓу другото се должи и на естетски интервенции.

„Користам малку и ботокс, колку што е потребно, а да можам и понатаму да се намуртам затоа што и тоа ми е потребно за работата. Со мојот лекар сме сложни дека колку помалку го правиме тоа, толку подобро.

Досега сум имала третмани на челото и околу очите и кај брчките што настануваат од смеење. Јас имам 42 години и тоа се гледа. Имам мошне светли очи и дречат па кога се ближи крајот на летото можете да видите и по некоја брчка повеќе. Тогаш додаваме ботокс“ – вели таа.

stava-botoks-na-sekoja-nova-brchka-a-bila-vo-vrska-so-slaven-holivudski-akter-fakti-za-katarina-radivojevikj-02.jpg

Во продолжение уште неколку поинтересни факти за неа:

Катарина уште од мали нозе се занимавала со балет, пеење, гимнастика и со часови по глума. Не била проблематична ученичка, но во трета година средно многу бегала од часови, поради што ја повторувала годината.

Како што вели се обидела да биде бунтовна до крај, ги тужела Министерството и училиштето, но залудно.

https://www.instagram.com/p/CDnje6agS7a/?utm_source=ig_web_copy_link

Трета година ја завршила во истата гимназија, за, како што вели, да им докаже дека не е глупава, но директорката заради лошото поведение ѝ забранила да оди на матурска екскурзија со генерацијата. Во четврта година се префрлила во друга гимназија.

Особено е горда затоа што успеала да се запише на Академијата за драмски уметности во Белград. Имала максимален број на поени и покрај тоа што повторувала година во средно образование. 

https://www.instagram.com/p/CDjYWpWAzWV/?utm_source=ig_web_copy_link

На Академија се запишала заедно со нејзината најдобра другарка, актерката Марија Вицковиќ, со која додека биле во трета година од студиите заедно играа во филмот Зона Замфирова.

Интересно, но во филмот најдобрите другарки играа лути ривалки: Катарина беше Зоне, а Марија – Калина.

stava-botoks-na-sekoja-nova-brchka-a-bila-vo-vrska-so-slaven-holivudski-akter-fakti-za-katarina-radivojevikj-04.jpgфото: Blic.rs

Со Марија освен што биле најдобри пријателки, долго време биле цимерки во станoви под кирија, а признава дека од еден стан дури биле и избркани.

Како што вели, сопствениците на станот ги избркале на улица затоа што таа се пожалила дека киријата им е многу висока и побарала да им се поправат некои работи.

Станбеното прашање го решила откако го наследила станот од нејзиниот дедо. Од хонорарот што го добила за „Зона Замфирова“ го реновирала просторот, а потоа заминала на два месеци во Лондон да учи англиски јазик и да се тргне некаде каде што никој не ја познава.

Во 2011-тата година Катарина сакала да се пробие во Холивуд. Се преселила во Лос Анџелес каде одела на аудиции, но од самиот почеток била свесна дека ќе ѝ биде мошне тешко да почне од почеток.

https://www.instagram.com/p/CDjXSdQg5fm/?utm_source=ig_web_copy_link

Во српските таблоиди таа била често мета на пишувања. Еднаш поради тоа што предизвикала сообраќајна несреќа во 2013-тата година, а потоа била „уловена“ како со актерот Виктор Савиќ пуши сомнителна цигара за која се сметало дека е марихуана.

https://www.instagram.com/p/CQ895gSLY2v/?utm_source=ig_web_copy_link

За животот во САД, љубовта, како и врската со познатиот холивудски актер прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg