Се оженил со неа заради миразот, во првиот месец од бракот имал 3 љубовници - Тажната приказна на Грејс Кели

Морала да плати мираз во вредност од 2 милиони за да се омажи и да помине тест за плодност, а се шпекулира дека нејзиниот принц не бил толку загрижен за традицијата, колку за празната каса на Монако. Пред да се ожени, Раниер ѝ понудил брак на Мерилин Монро – факти за бракот на Грејс Кели.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-01.jpg

По тажните приказни на принцезата Шарлен од Монако, позната како „најтажната принцеза во светот“ и онаа на нејзината свекрва Грејс Кели повторно се шпекулира дека тоа е заради 700 години старата клетва што една жена ја фрлила врз семејството Грибалди.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-02.jpg

Постојат повеќе легенди за проклетството на кралското семејство од Монако, но најпозната е верзијата во која Принцот Раниер бил проколнат затоа што киднапирал фламанска жена во 13-иот век. За возврат жената го проколнала со зборовите: „Никогаш, ниту еден потомок на Грималди да не најде среќа во бракот“.

Според друга верзија, пак, принцот бил проколнат од вештерка која била запалена на клада по наредба на принцот.

Иако, за проклетството се знаело долги години, легендите повторно ќе ја заинтригираат јавноста по трагичната смрт на принцезата Грејс Кели која загина во автомобилска несреќа.

Во продолжение повеќе факти за врската на Грејс Кели со Раниер Трети:

Грејс Кели била позната холивудска актерка која во 1956-та година се омажила за принцот Раниер Трети. Нивната љубовна приказна започнала откако се запознале во воз додека актерката патувала на Кански фестивал. Во тој момент Грејс работела на снимањето нa филмот The Swan каде играла принцеза, а по средбата со Раниер почнала да сонува дека навистина ќе стане дел од кралското семејство. По првата средба Грејс Кели и Раниер почнале да разменуваат писма.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-07.jpg

Во моментот кога Грејс Кели го запознала Раниер Трети, таа била верена за нејзиното долгогодишно момче, модниот дизајнер Олег Касини, кого го откачила за да се омажи за принцот.

Се верува дека нејзиното семејство не ја прифаќало врската со Олег, по што таа брзо одлучила да почне да се гледа со принцот.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-14.jpg

Според традицијата, таткото на Кели морал да остави мираз. Тој бил навреден од барањето на принцот и рекол дека ќерка му не треба да плати за да се омажи, но на крај сепак попуштил и му дал 2 милиони долари на Раниер.

Некои веруваат дека ова не било толку многу заради традицијата, колку што касата на кнежевството била празна и итно му требале пари. Освен што платила за миразот, Грејс Кели морала да помине тест за плодност и да докаже дека може да роди деца. Дури откако било докажано дека е плодна принцот ѝ дал веренички прстен на Грејс Кели.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-09.jpg

Наводно, пред да ѝ предложи брак на Грејс Кели, принцот сакал да се ожени за Мерилин Монро. Целта му била да се ожени за холивудска ѕвезда за повеќе да го промовира Монако. Сепак, најпознатата русокоса во светот ја одбила неговата понуда, затоа што сакала повеќе да се сконцентрира на својата кариера како актерка.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-15.jpg

Парот имал две свадби (една за пошироката јавност и една интимна), Грејс добила два веренички прстени, а актерката се надевала дека ќе има среќен живот. Тие заедно добиле три деца, Каролин, Стефани и Алберт Втори, денешниот владетел на Монако.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава