Се омажи со телохранителот, со 3 деца побегна да живее во циркуз – Факти за најмалата ќерка на Грејс Кели, Стефани
-->
Стефани почнала да работи во модната индустрија. Била помошничка во Christian Dior, пред да почне да се занимава со манекенство, па дури успеала да промовира и сопствен парфем Stéphanie.
На татко ѝ не му се допаѓало тоа што таа сакала да биде модел, па така за да ја натера да се откаже, прекинал да ѝ дава пари, па дури и ѝ се заканил дека ќе ѝ го одземе пасошот.
По ова, Стефани се обидела да работи како поп-пејачка и имала еден хит, а дури ѝ го позајмила гласот за една од песните на Мајкл Џексон, но никој не знаел дека тоа е таа, затоа што била потпишана како непозната девојка.
-->
Во поглед на љубовниот живот, Стефани била во врска, а подоцна и се омажила за нејзиниот телохранител Дaниел Дукуре, со кого добила две деца.
Дури по раѓањето на второто дете Стефани добила благослов од татко ѝ да стапи во брак со Даниел.
Тие двајца стапиле во брак во 1995-та година, но само една година подоцна во 1996-та година Даниел бил фотографиран како ја изневерува Стефани со белгиска старлета.
Тој тврдел дека бил наместен и дека немал никаква врска со старлетата, но Стефани самата побарала од нејзиниот татко да ѝ одобри развод.
-->
-->
Во 1998-ма година, Стефани го доби третото дете и долго време го криеше идентитетот на таткото за на крај да признае дека го добила со телохранителот Жан Рејмон Готлиб.
-->
Според некои информации во 1999-та година, Стефани ја започнала врската со скротувачот на слонови Франко Ние и се преселила во неговата приколка во циркуз каде живеела заедно со трите деца од претходните врски.
По оваа врска почнала да се гледа со акробатот Аданс Лопез Перез и се верува дека со него била во брак една година од 2002-ра до 2003-та година.
-->
Во 2005-та година, нејзиниот татко, принцот Раниер Трети почина, а целосно ја исклучи од наследството, односно ѝ остави само 1 отсто од неговото богатство, додека нејзините брат и сестра добија милијради.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана
Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис
Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи
10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер
Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј...
Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...