Пред Меган, таа беше „војвотка на скандалите“ во кралското семејство – Што знаеме за Сара Фергусон, сопругата на принцот Ендрју?

Во август 1988-ма година Сара и Ендрју ја добиле ќерката Беатрис. Сара за време на целата бременост имала проблеми со високиот притисок, а по раѓањето на бебето страдала од постпородилна депресија заради што одлучила еден месец подоцна со Ендрју да замине во Австралија, а грижата за бебето да ја препушти на дадилки.

Медиумите биле неуморни во оцрнувањето на Сара, а пишувале дека таа „е самобендисана жена која го фрли бебето како кукла што не ѝ се допаѓа“.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-27.jpg

По породувањето и проблемите со исхраната Сара почнала брзо да качува килограми, а таблоидите пишувале голем број написи во кои се потсмевале на нејзиниот изглед. „Војвотката Свиња“ и „Дебелата Ферги“ биле омилените епитети на таблоидите за неа.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-22.jpg

За да се одбрани, Сара почнала цела програма наречена „каланетика“ со која сакала да покаже дека може да ослаби и да работи на сопственото здравје. Но, ниту тоа не било доволно за да престанат негативните пишувања за неа.

Во 1989-та година Сара ја родила ќерката Јуџин (Евгенија), со царски рез. Вестите за породувањето прераснаа во критички написи во кои сега ја обвинуваа војвотката дека не се здебелила доволно за да има здрава бременост.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-11.jpg

Дополнително, ако Сара во семејството влегла со помош на Дијана, тоа не значи дека тие двете понатаму останале блиски пријателки. Сара на почетокот ги придобила членовите во кралското семејство така што добила лиценца за пилотирање, почнала да се занимава со нови спортови, па дури научила и како да вози кочија.

Заради ова таа брзо стекнала почит од сите членови во кралското семејство, а се чини дека Дијана била љубоморна, по што нивниот однос станал мошне напнат.

Се вели дека Дијана била мошне повредена кога во една прилика Чарлс ја прашал зошто не почне да се однесува повеќе како Сара и заради неа почнала да се чувствува уште попонижено.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-09.jpg

Додека Ендрју работел како офицер во морнарицата на Сара ѝ паѓало тешко тоа што треба да биде постојано сама дома, а во медиумите почнале да кружат и голем број написи за нејзините неверства и афери. Во 1992-та година парот најавил дека се разведува, а бракот и официјално бил прекинат во 1996-та во истата година кога Дијана и Чарлс се разведоа.

Сепак и покрај разводот, Сара и Ендрју останаa добри пријатели па сè до 2004-та година живееja заедно во иста куќа, но таа морала сама да се справува со сопствените проблеми.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-18.jpg

По разводот, кралицата најави дека поранешната снаа веќе нема да учествува на кралските настани, а сите долгови (што се верува дека стасале до сумата од околу 4,2 милиони фунти), требало да ги плати сама.

Таа објави биографска книга насловена My Story каде биле откриени повеќе интимни детали за распаѓањето на нејзиниот брак, но и за тоа како изгледал нејзиниот живот во кралското семејство.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-15.jpg

Книгата предизвикала и целосен раздор помеѓу неа и принцезата Дијана на која не ѝ се допаднало како била опишана во книгата. По смртта на Дијана во 1997-ма година Ферги чувствувала огромна грижа на совест затоа што тие двете воопшто не зборувале.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-28.jpg

Во 90-тите години Ферги заминала во САД каде почнала да игра во реклами, па дури и се појавила во една епизода на Friends. Заработката била доволна за да ги исплати насобраните долгови. Истовремено, таа е првата припадничка на британското семејство што гостувала кај Опра и што отворено говорела за животот во кралското семејство.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-26_resize.jpg

Но, скапиот начин на живот повторно ќе ја донесе Ферги во очајна состојба па ќе се најде среде нов скандал кога новинар ќе ја улови на камера како му ветува дека за одредена сума пари ќе му даде повеќе детали за кралското семејство.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-19.jpg

Во 2008-ма година таа влегла во Турција за да сними документарен филм за односот кон децата сираци таму. На турската влада не ѝ се допаднал филмот, а врз основа на тоа што во земјата влегла и со фалсификувани документи, во 2012-та година земјата издаде наредба за нејзино апсење.

Сепак, благодарение на британското законодавство и добрите адвокати таа успеа да избегне затворска казна.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-23.jpg

Во текот на минатата година таа даде интервју каде говореше и за нејзиниот однос со кралицата, па во таа прилика рече дека таа била најдобрата свекрва.

„Искрено верувам дека кралицата ми беше повеќе мајка од мојата родена мајка. Вистинска чест е што таа постојано е до мене“.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-25.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg