„Сакам старо виски и млади жени“ – Цитати за еден од најактуелните жестоки пијалаци преточени од големите авангарди

Старата ирска поговорка вели: „Она што вискито не може да го излечи, навистина е неизлечиво“, а имајќи предвид дека Ирска е многу позната по овој вид пијалак - нема потреба да се сомневате во вистинитоста на оваа изрека.

sakam-staro-viski-i-mladi-zeni-citati-za-eden-od-najaktuelnite-zhestoki-pijalaci-pretocheni-od-golemite-avangardi-001.jpg

Квалитетот на овој пијалак датира со векови наназад, така што бројни писатели, актери, уметници, музичари уживајќи во неговиот жесток вкус преточиле неколку „сочни“ реченици, кои ден-денес непрекинато се цитираат.

Веројатно, голем дел од вас обожаваат одвреме-навреме да се засладат со чаша виски, која прави да се чувствувате бесмртни, макар само на момент, додека уживате во голтките од таа „течна сончева светлина“ - епитети со коишто го опишал овој пијалак, ирскиот, драмски писател - Џорџ Бернард Шо.

Sakam-staro-viski-i-mladi-zheni-najpoznatite-citati-za-eden-od-najaktuelnite-zhestoki-pijalaci 02 630x380.jpg

Еден од најголемите обожаватели на виски бил легендарниот Хемфри Богарт, американски актер, добитник на Оскар, за кој постои навистина интересна анегдота, во врска со овој пијалак.

Имено, за време на  снимањето на филмот „Африканска кралица“, целата филмска екипа се отрула од загадената вода, освен Џон Хјустон, режисерот на филмот и Хемфри Богарт, кои воопшто не пиеле вода, затоа што постојано пиеле виски.

„Сѐ што внесував во себе беше запечен грав, конзервиран аспарагус и шкотско виски. Кога и да нѐ каснеше комарец, мене или Хјустон, паѓаше мртов“

Наводно, Богарт се сетил на неговиот омилен пијалак и на неговиот „суден“ ден, а според легендата, неговите последни зборови биле:

„Никогаш не требаше да прејдам од виски на мартини“.

Во продолжение ви ги претставуваме најгенијалните цитати на култните авангарди, инспирирани од овој „магичен пијалак“:

„Сакам да живеам 150 години, но дента кога ќе умрам да имам чаша виски во едната рака и цигара во другата“  Ава Гарднер

„Сакам старо виски и млади жени“ - Ерол Флин

„Врз основа на моето искуство, она што ми треба за мојот занает е хартија, тутун, храна и по некое виски“ - Вилијам Фокнер

„Вискито како и убавата жена бараат восхит. Прво фино да ги разгледаме, па кога ќе дојде време - да ги испиеме“ - Харуки Мураками

„Втората чаша виски ми е секогаш омилена. Од третата натаму, веќе нема никаков вкус. Пиеме само колку нешто да долеваме” - Харуки Мураками

Sakam-staro-viski-i-mladi-zheni-najpoznatite-citati-za-eden-od-najaktuelnite-zhestoki-pijalaci 03 630x380.jpg

„Бакнувањето на убава девојка и отворањето шише виски - две работи во животот кои никогаш не треба да се одложуваат“ - Ернест Хемингвеј

„Доброто виски нѐ потсетува на оние извонредни времиња кои никогаш не постоеле“ - Оскар Вајлд

„Премногу од нештото е лошо, но премногу добро виски е едвај доволно“ - Марк Твен

„Не постои лошо виски, постојат само такви кои не се толку добри како некои други“ - Рејмонд Чендлер

„Боже, толку сакам да пијам виски, што понекогаш мислам дека името ми е Игор Стра-Виски“   -  Игор Стравински

„Чаша топло виски пред спиење не е баш препорачливо од научна страна, но помага“ - Александар Флеминг

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава