Убил над 40 свои пациенти и бил осуден на 11 доживотни казни - вистинската приказна зад морничавиот филм „The Good Nurse“

Во период од 16 години, Чарлс Кален убил многу од своите пациенти давајќи им смртоносни дози од одредени лекови, со објаснување дека сакал да ги спаси од бедата. Додека самиот признал вина за 40-тина убиства, се верува дека тој е одговорен за смртта на можеби 400 лица. Неговите грозоморни убиства се инспирација за новиот филм на Нетфликс – The Good Nurse.

ubil-nad-40-svoi-pacienti-i-bil-osuden-na-11-dozhivotni-kazni-vistinskata-prikazna-zad-mornichaviot-film-the-good-nurse-01.jpg

По ненадејната смрт на двајца пациенти во болница во Њу Џерси, никој не можел ни да помисли на сите злосторствата што после оваa случка ќе бидат откриени.

Клучен играч во истрагата била Ејми Лофрен - тема на новиот филм на Нетфликс „Добрата медицинска сестра“ (The Good Nurse) - која играла витална улога во откривањето на шокантната вистина за Чарлс Кален, колега што таа го нарекувала пријател.

Кој е Чарлс Кален и како започнале неговите убиства?

Роден во Њу Џерси во 1960 година, Кален бил најмладиот од осумте браќа и сестри. Неговиот татко бил возач на автобус кој починал пред Кален да наполни една година, а неговата мајка, домаќинка, загинала во сообраќајна несреќа кога тој бил тинејџер.

По неговото мизерно детство, краткиот престој во морнарицата на САД и бројните наводни обиди за самоубиство, Кален на крајот станал медицински брат.

Тој потоа се оженил и заедно со неговата сопруга имале две ќерки, пред да се разведат во 1993 година. За тоа време, се верува дека Кален ги убил своите први жртви во болницата каде што работел.

Потоа продолжил да работи во неколку други болници и домови за стари лица. Некои работни места ги напуштил бидејќи бил под истрага поради недолично однесување.

Во една прилика бил отпуштен затоа што една постара жена се пожалила дека тој постојано доаѓал во нејзината соба и ѝ давал инјекции. А, од друга болница го отпуштиле затоа што криел лекови за срце во корпа наменета за фрлање игли.

Што се случувало помеѓу 1998 и 2002 година?

Помеѓу 1998 и 2002 година, Кален работел во агенција и имал неколку работи со полно работно време. Во ова време, се верува дека тој убил уште повеќе луѓе.

Неговото оружје бил лекот дигоксин - лек кој рутински се користи за лекување на луѓе со неправилно чукање на срцето или срцева слабост, но е смртоносен во големи дози.

Кален исто така им инјектирал на пациентите и смртоносни дози на инсулин и други лекови. 

Неговите злосторства биле извршени во период од 16 години, но во 2003 година, додека работел во медицинскиот центар Сомерсет во Сомервил, Њу Џерси, сето тоа конечно се разоткрило.

Флоријан Гал бил свештеник кој се лекувал во болницата. Откако покажал знаци на подобрување за време на неговиот престој, ненадејно добил срцев удар и починал.

Подоцна било утврдено дека имал смртоносно ниво на дигоксин, а неговата смрт била предизвикана од неовластена доза на лекот.

ubil-40-pacienti-i-bil-osuden-na-11-dozhivotni-kazni-vistinskata-prikazna-za-bolnichkiot-ubiec-dobrata-medicinska-sestra-koja-go-izvela-pred-liceto-na-pravdata-04.png

Која е „добрата медицинска сестра“ што го открила?

Додека работел во онаа што ќе стане негова последна болница, Кален ја запознал медицинската сестра Лофрен и тие станале многу добри пријатели. Таа во него гледала љубезен човек, некој со кого сакала да поминува време и да се дружи.

Но, токму Лофрен, им помогнала на детективите да го изградат случајот против него.

Самохраната мајка и болна од кардиомиопатија се справувала со ноќните смени во болница во Њу Џерси за да се квалификува за здравствено осигурување, додека очигледно висококвалификуваниот Кален бил ангажиран да помогне во управувањето со обемот на работа.

ubil-40-pacienti-i-bil-osuden-na-11-dozhivotni-kazni-vistinskata-prikazna-za-bolnichkiot-ubiec-dobrata-medicinska-sestra-koja-go-izvela-pred-liceto-na-pravdata-03.pngСцена од филмот The Good Nurse

Двајцата брзо создале блиска врска, a Кален дури ѝ помагал на Лофрен да ја прикрие својата болест и да се грижи за нејзините две мали ќерки.

Но, по ненадејната смрт на двајца пациенти, детективите се посомневале во Кален.

Кога ѝ дале документи кои покажуваат дека лекот го нарачува Кален, Лофрен знаела дека тој ги убива луѓето. Таа изјавила дека овие смртоносни лекови никој не би ги нарачал освен ако не сака да убие некого.

Така, почнала да собира докази во болницата и манипулирала со него за да се обиде да го натера да признае.

Кален конечно бил уапсен во декември 2003 година. Тој им кажал на инспекторите дека дава смртоносни дози од лековите за да ги извлече „многу болните“ пациенти од нивната беда.

Тој признал дека има извршено 30-40 убиства, но се смета дека вистинската бројка е поблиску до 400.

Во 2006 година, Кален добил дури 11 доживотни казни затвор за неговите злосторства и до денес се наоѓа во затвор. 

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg