Што знаеме за Душан Влаховиќ, српскиот фудбалер што се најде среде секс скандал во Катар?
Но, на само 15 години Душан ја заработил првата плата, а скромно вели дека сѐ до моментот додека да стане полнолетен сите пари што ги заработувал ги оставал на родителите, а од нив барал да му дадат пари само за облека и за море.
На само 18 години тој потпишува за италијанскиот клуб „Фиорентина“, по што се сели во „Јувентус“, а се верува дека денес неговото богатство „тежи“ околу 21 милиони долари.
Тој ретко говори за својот љубовен живот, но досега го поврзувале со неколку убавици. Минатата година, медиумите пишуваа дека тој е во врска со ќерката на Миле Китиќ, Елена, која е позната српска трап пејачка.
Сепак Душан одлучи да одговори на овие пишувања, така што на социјалните мрежи објави фотографија со друга непозната бринета девојка, со цел да покаже дека со сигурност не е во врска со Елена.
Во периодот кога го напушти клубот „Фиорентина“ и се пресели во „Јувентус“ медиумите пишуваа дека заради трансферот раскинал со неговата девојка, италијанската убавица Мариасол Полио. Но, мора да се напомене дека нивната врска никогаш не била ниту потврдена.
Годинава, тој и италијанската манекенка Каролина Страмара заедно ги прославија родендените, со оглед на тоа што се родени со еден ден разлика. На 27-ми февруари Каролина наполни 23 години, а Душан на 28-ми наполни 22 години.
По ова во италијанските медиуми почнаа шпекулациите дека тие двајца се во врска, а убавата италијанска манекенка веднаш ги отфрли тврдењата и рече:
„Во целост се оградувам од она што го пишуваа и што го пишуваат. Не знам за што зборувате постојано. Ако некогаш има нешто да ви раскажам, веднаш ќе ви соопштам.“
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...