Меланија (повторно) стана меме поради огромниот шешир што го носеше на средба со кралското семејство
Ја споредуваат со подна ламба, а некои велат дека под огромниот шешир, можеби се крие и лажната Меланија.

Деновиве Доналд и Меланија Трамп се во посета на САД каде беа удостоени со раскошен државен банкет во замокот Виндзор.
Меланија ги подели мислењата за аутфитот што го избра за банкетот, но стана и мета на шеги за уште еден стајлинг.
Кога пристигнаа во замокот Виндзор, претседателот и првата дама беа пречекани од британското кралско семејство.
За поводот, Меланија носеше костим со здолниште и огромен шешир – сличен како оној на инаугурацијата на Доналд.
И, штом се појавија фотките од пречекот, се појавија и мемињата и шегите на нејзина сметка.
