Хит видео: Меланија ја игнорира Камила откако се појави Кејт - твитерџиите се шегуваат дека е како избркано дете

„Кралицата: Девојче, оди и најди го маж ти. Јас и Меланија треба да разговараме на важни државни теми, на пример како да се возиме заедно во кочијата“, се шегуваат на Твитер, откако се појави видео како Камила ја брка Кејт, незадоволна што првата дама на САД ја игнорира неа, за сметка на снаата.

hit-video-melanija-ja-ignorira-kralicata-kamila-otkako-se-pojavi-kejt-midlton-tviterdjiite-se-sheguvaat-deka-e-kako-izbrkano-dete-01.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија, се во посета на Велика Британија, каде што освен што се сретнаа со кралското семејство, присуствуваа и на државен банкет во замокот Виндзор, кој се подготвувал цели 6 месеци.

Државната посета и средбата на моќните државници ги преплави светските медиуми, но и социјалните мрежи.

hit-video-melanija-ja-ignorira-kralicata-kamila-otkako-se-pojavi-kejt-midlton-tviterdjiite-se-sheguvaat-deka-e-kako-izbrkano-dete-03.jpg

А на Твитер главна тема е непријатната средбата на Меланија Трамп, со кралицата Камила и Кејт Мидлтон.

На видеата што се споделуваат се гледа како Меланија разговара со британската кралица, но во еден момент забележува дека се приближува Кејт Мидлтон.

hit-video-melanija-ja-ignorira-kralicata-kamila-otkako-se-pojavi-kejt-midlton-tviterdjiite-se-sheguvaat-deka-e-kako-izbrkano-dete-02.jpg

Среде муабет, Меланија ја остава Камила, се врти кон Кејт и откако се поздравуваат, почнуваат жив разговор.

Кралицата стои покрај нив како „казнето дете со кое никој не сака да си игра“, па непријатно гледа во двете жени, се врти наоколу и го менува ликот.

hit-video-melanija-ja-ignorira-kralicata-kamila-otkako-se-pojavi-kejt-midlton-tviterdjiite-se-sheguvaat-deka-e-kako-izbrkano-dete-05.jpg

Очигледно незадоволна од тоа што Меланија ја игнорира за сметка на снаата, Камила со неколку збора и потег со раката ја брка Кејт, како да сака да ѝ покаже дека местото не ѝ е таму.

„Добро, сега можеш да си одиш, возрасните треба да разговараат. Ками не се шегува“, е еден од коментарите на Твитер, покрај видеото како Камила ја брка Кејт.

„Меланија и Кетрин: како фанови една на друга. Кралицата: Девојче, оди и најди го маж ти. Јас и Меланија треба да разговараме на важни државни теми, на пример како да се возиме заедно во кочијата, или како да се возиме заедно во кочијата и слично...“

Погледнете го видеото како Меланија почнува да ја игнорира Камила:

Прочитајте и Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот банкет во замокот Виндзор?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меланија (повторно) стана меме поради огромниот шешир што го носеше на средба со кралското семејство Ја споредуваат со подна ламба, а некои велат дека под огромниот шешир, можеби се...
Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“ „Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...
Капија удира скијач по половиот орган, американски боб-тим се „крши“ на мразот: Најсмешни моменти од... „Плановите за инвазија на Гренланд се откажани“, се шегуваат на Твитер, откако а...
Наташа Беквалац и првиот сопруг имаат по 3 разводи, на Твитер се шегуваат: „Не се давај Нато, мора д... „Ова е само борба за сребро, златото одамна си го обезбеди Дарко Лазиќ“, „Е, сег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg