Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“

„Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи еден од многуте коментари за изгледот на Двејн Џонсон во новиот трејлер за играниот филм Moana.

dvejn-dzhonson-stana-meme-poradi-smeshnata-perika-vo-moana-mene-ushte-mi-izgleda-kjelav01.jpg

Неодамна Дизни го сподели новиот трејлер за играниот филм Moana, направен според истоимениот анимиран филм.

Во анимираниот филм, Двејн Џонсон го позајмуваше гласот за едниот од главните ликови, а сега си ја репризира улогата.

Иако трејлерот не изгледа лошо, еден детаљ го направи мета на шеги – периката на Двејн Џонсон.

dvejn-dzhonson-stana-meme-poradi-smeshnata-perika-vo-moana-mene-ushte-mi-izgleda-kjelav-06.JPG

Во филмот, Двејн, познат и како The Rock (карпа), го глуми полубогот Мауи кој, пак, има долга и бујна црна коса.

Па, нормално, актерот носи перика, но повеќето се согласуваат дека изгледа комично.

Кога ќе се земе предвид дека Дизни вложува и по 200 милиони долари за своите играни филмови, периката на Двејн е уште посмешна.

Социјалните мрежи веќе се преплавени со шеги, но и критики за смешниот изглед на актерот.

„Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи еден од многуте коментари.

dvejn-dzhonson-stana-meme-poradi-smeshnata-perika-vo-moana-mene-ushte-mi-izgleda-kjelav-.JPG

Некои беа покреативни, па го претворија Двејн со периката и во меме.

Дел од најсмешните твитови:

„На кој му стои подобро?“

„Не можам да објаснам, но мене уште ми изгледа ќелав“

„Другар ми Веб повеќе личи на Мауи од Двејн Џонсон“

„Ова не е Мауи, ова е само Двејн Џонсон со перика“

„Како може Мадеа (лик на Тајлер Пери) да има подобра перика?“

„Карпата (The Rock)“

„Здраво Двејн!“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...
Хит видео: Меланија ја игнорира Камила откако се појави Кејт - твитерџиите се шегуваат дека е како и... „Кралицата: Девојче, оди и најди го маж ти. Јас и Меланија треба да разговараме ...
Вирално видео: Татко се онесвести на породувањето на сопругата и стана мета на шеги „Жените не сфаќаат колку е тешкото породувањето за мажите. Биди силен, воину“, г...
Македонка бира лубеница со Chat GPT: „Одбери ми зрела, блага и заокружи ја“ „И јас ќе пазарам вака од сега“, „Лубеницата е посветла од мојата иднина“ - се д...
„Правда за стапалата на Викторија“ - Бекамова исмеана поради свитканите прсти на црвениот тепих „Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“ „Ослободете ги прстите на Виктор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg