Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната баба како ме повикува“

„Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симнала, па макар долу да ме чека Расел Кроу од младите денови“ - велат некои од оние што биле на Егремни.

hit-komentari-od-srbi-koi-bile-na-egremni-plazha-so-400-skali-vidov-bela-svetlina-i-pokojnata-baba-kako-me-povikuva-01.jpg

Плажата Егремни на островот Лефкада е позната како една од најубавите во цела Грција - пространа, песочна, со море во кое се претопуваат десетици нијанси на сина боја.

Но, плажата има една мана ако до неа не одите со брод - од паркингот се оди пеш повеќе од 1km, а потоа треба да се спуштите по 400 скали, и по истиот пат да се вратите назад.

На Инстаграм профилот Nikana.gr неодамна беше објавено видео на кое се гледаат скалите кои водат од и до Егремни, со прашање: „Кој од вас успеал да слезе и да се качи, а кој никогаш не би помислил на ваква авантура?“

hit-komentari-od-srbi-koi-bile-na-egremni-plazha-so-400-skali-vidov-bela-svetlina-i-pokojnata-baba-kako-me-povikuva-02.jpg

По ова голем број Срби оставија свои коментари, а дел од нив се пресмешни:

„Видов бела светлина и покојната баба како ме повикува, а уште беа оние старите скали“.

„Само што слегов сфатив дека го оставив мобилниот во автомобилот. Па веднаш назад до горе и кога се вратив долу ми остана само уште да легнам во студен гроб...“

„Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“.

„Не би се симнала, па макар долу да ме чека Расел Кроу од младите денови“.

„Бев со сопругата и детето од 4 години. Плус ме натоварија со чадор за сонце, шатор, ранец, со вода. Но вредеше секоја скала и погледот додека се спушташ и по асфалтот и по скалите, непроценливо“.

hit-komentari-od-srbi-koi-bile-na-egremni-plazha-so-400-skali-vidov-bela-svetlina-i-pokojnata-baba-kako-me-povikuva-03_2.jpg

„Абе ајде, 1800m од паркингот до скалите, па после 385-411 скали. Надолу кочиш, ти отпаднаа колената за 15%, а кога се враќаш, јазикот ти е на под. Трипати правев пауза - ставам пешкир на бетон под сенка и легнувам, поминаа некои странци, ми нудеа вода“.

„Не ме интересира ваква авантура. Не сум спортист да се спремам за Олимпијада“.

„Се молев да дојде хеликоптер да ме извлече“.

„Ќе ги совладаш скалите некако, ама после оние 2km угорница на 35 степени... И тогаш ги гледаш луѓето што одат надолу, насмеани сите од прв до последен, ко да добиле наследство“.

„Фала, не треба, ќе се ладам во леѓенче и вода од бунар“.

„Нека стават прво тобоган за до долу“.

hit-komentari-od-srbi-koi-bile-na-egremni-plazha-so-400-skali-vidov-bela-svetlina-i-pokojnata-baba-kako-me-povikuva-03.jpg

Прочитајте и „Ја обожавам Лефкада, од Скопје патував 8 часа, но 400-те скали на Егремни ми беа вистинска траума“

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Што можеш да правиш на Миконос за помалку од 50 евра - Да лежиш на песок, да седиш на ска... Високите цени на грчкиот остров Миконос секогаш се тема на дискусија и шеги, а с...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
Фотки од дизајни на луѓе кои дефинитивно заслужуваат отказ Скали кои не се гледаат од горе, боја за коса што изгледа како житарици… Скал...
Смешни промашувања од дизајнери кои очигледно си ја мразат работата (фото) Јавен тоалет во кој можат да ве видат од сите страни, мијалник кој ќе ве направи...
12 докази дека машката и женската логика се различни како небо и земја (фото) „Го прашав сопругот колку е долга кујнската маса - ми испрати фотографија на кој...
Фото-компилација: Смешни изведби од луѓе кои решиле да бидат „сам свој мајстор“ Клима уред што е инсталиран надвор, скалила кои личат како да се направени од ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg