„Правда за стапалата на Викторија“ - Бекамова исмеана поради свитканите прсти на црвениот тепих
„Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“ „Ослободете ги прстите на Викторија, кутри мали душички“, се дел од коментарите со кои ја исмеваат поранешната Спајс-девојка на премиерата на нејзиниот документарец.

Викторија Бекам синоќа (08.10) беше ѕвезда на вечерта во Лондон, каде што се одржа премиерата на нејзиниот документарен филм, направен во продукција на Нетфликс.
На црвениот тепих таа дојде со семејството и блескаше во бел фустан и палто, дел од нејзината модна колекција.

Изгледот го дополни со црни сандали без ремчиња, кои, иако изгледаа убаво, се чини ѝ беа тесни и неудобни.
На сите фотки може да се види како прстите на нозете ѝ се толку споени и нема место, што големиот прст целосно се свиткал и наместо да стои право, „гледа“ на страна.

Ова предизвика и бројни коментари на социјалните мрежи, а луѓето се шегуваат на сметка на нејзините стапала.
Дури и на објавата на Викторија на Инстаграм од премиерата, има коментари кои ја исмеваат и „бараат правда за нејзините стапала“.

„Викторија треба да купува поголеми чевли. Нејзините прсти на нозете се секогаш смачкани“,
„Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“
„Ослободете ги прстите на Викторија, кутри мали душички“, се дел од коментарите.
И покрај тоа, дизајнерката и поранешна Спајс девојка не покажа дека ја болат нозете или дека направила погрешен избор на чевли (барем во бројот), туку задоволно позираше пред фотографите и даваше автограми на фановите.

Прочитајте и Викторија Бекам ја „соголи“ душата во документарец: „Ме мереа колку сум ослабела по раѓањето на Бруклин во емисија во живо“
А. Ј. | Црнобело
