„Кога Златан пие лек, лекот оздравува“ - Шеги за славниот фудбалер, кого го нарекуваат „новиот Чак Норис“

Позната е анегдотата дека Леброн Џејмс му испратил свој дрес на Ибрахимовиќ, кога тој се преселил во Лос Анџелес, а Златан му го вратил дресот, откако на него ставил свој потпис. Ова е една од причините за шегите за фудбалерот, во стилот на оние за Чак Норис.

koga-zlatan-pie-lek-lekot-ozdravuva-shegi-za-slavniot-fudbaler-kogo-go-narekuvaat-noviot-chak-noris-01.jpg

Легендарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, иако одамна активно не игра фудбал, повторно е дел од Светското првенство, но како еден од коментаторите на натпреварите што се емитуваат на телевизијата Fox.

Златан брзо ја освои американската публика, со својата спонтаност, а неговите духовити изјави се шират на социјалните мрежи и собираат многу позитивни коментари.

Златан е познат и по своите остри коментари и висока самодоверба, а некои тоа го толкуваат како ароганција.

Низ светот е позната анегдотата дека Леброн Џејмс му испратил свој дрес на Ибра по курир, а Златан му го вратил дресот, откако на него ставил свој потпис.

Па поради ова и бројните коментари полни самодоверба, многумина почнаа да прават шеги за Златан во стилот на оние за Чак Норис, кои секогаш ни измамуваат насмевка.

koga-zlatan-pie-lek-lekot-ozdravuva-shegi-za-slavniot-fudbaler-kogo-go-narekuvaat-noviot-chak-noris-02.jpg

Ова се дел од шеговитите коментари за Златан:

1. Кога Златан инсталира Windows, Microsoft ги прифаќа неговите услови и одредби.

2. Кога Златан доаѓа во вашата емисија, вие сте гостин.

3. Кога Златан се гледа во огледало, таму нема одраз бидејќи има само еден Златан.

4. Кога полицијата го запира Златан, тие мора да му ги покажат своите возачката дозвола и сообраќајна.

5. Златан носи очила за сонце за да го заштити сонцето од својот поглед.

6. На Златан не му треба его. На егото му треба Златан.

7. Златан еднаш отсуствувал од училиште два дена. Сега се викаат сабота и недела.

8. Таткото на Златан е Златан Јуниор.

9. Кога Златан вози во ‘шпицот’, сите семафори светнуваат зелено од почит.

10. Кога Златан доаѓа во САД, САД аплицираат за виза кај Златан.

11. Кога се родил Златан, тој му удрил шлаканица на доктор да заплаче.

koga-zlatan-pie-lek-lekot-ozdravuva-shegi-za-slavniot-fudbaler-kogo-go-narekuvaat-noviot-chak-noris-04.jpg

12. Кога Златан игра Монопол, банката му должи пари.

13. Кога Златан пие лек, лекот оздравува.

14. Кога Златан се сели во вашата земја, станувате имигрант.

15. Кога се родил Златан, тој им дал имиња на своите родители.

16. Кога Златан го зборува вашиот јазик, неговите грешки стануваат ваши нови граматички правила.

17. На кислородот му е потребен Златан за да преживее.

18. Кога Златан играл фудбал, решил да направи пауза. Така се создало полувремето.

19. Кога Златан доаѓа во ресторан, келнерот му дава бакшиш.

20. Кога Златан прави склекови, тој не се крева себеси, туку го турка подот.

21. Кога Златан доцни на тренинг, сите се извинуваат што дошле порано.

22. Да беше Златан адвокат, судијата ќе бараше дозвола од него да зборува.

23. Златан спие со вклучено светло зашто темнината се плаши од него.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-компилација: Смешни изведби од луѓе кои решиле да бидат „сам свој мајстор“ Клима уред што е инсталиран надвор, скалила кои личат како да се направени од ка...
Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“ „Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...
Вирално видео: Татко се онесвести на породувањето на сопругата и стана мета на шеги „Жените не сфаќаат колку е тешкото породувањето за мажите. Биди силен, воину“, г...
Смешна фото-компилација: Кога готвачите користат сè, освен чинија за сервирање Вегански оброк сервиран на коска или, пак, јадење послужено на делче од скршена ...
Смешна фото-компилација: Разочарувањето кога ќе ви стигне нарачката од TEMU Погрешни димензии, потполно различен производ, па и празна кутија – колкупати ви...

Најчитани неделава