„Што прави Чак Норис во лабораторија“ – Се сеќавате ли на смешните вицеви за познатиот актер?

Се сеќавате ли на кратките вицеви за Чак Норис? Ние ќе ве потсетиме на 13 најсмешни, а вие пишете ни во коментар кој е најдобриот виц за Чак Норис што сте го слушнале.

shto-pravi-chak-noris-vo-laboratorija-se-sekjavate-li-na-smeshnite-vicevi-za-poznatiot-akter-01.jpg

Чак Норис е познат актер кој се прослави по неговите улоги во акционите филмови, каде имаше можност да ги покаже своите способности за боречките вештини, а на почетокот на 2000-тите години вистински хит беа вицевите за него.

Вицевите или „фактите“ за Чак Норис почнаа да кружат на интернет во 2005-та година, а следната година актерот и самиот коментираше за нив и ги прочита десетте што нему најмногу му се допаднале.

Да се потсетиме на неколку добри вицеви за Чак Норис во продолжение:

1. Што прави Чак Норис во лабораторија? – Тепа вируси;

2. Чак Норис фатил грип, ама му паднало жал и го пуштил;

3. Чак Норис јаде кинеска храна со едно стапче;

4. Што прави Чак Норис кога е нервозен? – Ја фрла куќата преку прозорец;

5. На 7-иот ден Бог реши да одмори, а Чак Норис продолжи со работа!

6. Само Чак Норис може да дрибла со топка за куглање!

7. Една кобра го каснала Чак Норис. По пет дена силни болки змијата починала.

8. Чак Норис ја претепал сопствената сенка затоа што стоела премногу блиску. Сега сенката се држи на дистанца од 15 метри;

9. Чак Норис на свадба на оро место шамивче, врти (мокра) јамболија;

10. Чак Норис може да аплаудира со една рака;

11. Чак Норис еднаш удира во човек, вторпат во леш;

12. Чак Норс прави пиперки од ајвар;

13. Кога Баба Рога оди да си легне, проверува под кревет Чак Норис да не е таму.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Што можеш да правиш на Миконос за помалку од 50 евра - Да лежиш на песок, да седиш на ска... Високите цени на грчкиот остров Миконос секогаш се тема на дискусија и шеги, а с...
8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...
Смешно-тажна компилација: Луѓе кои направиле (многу) скапи грешки „Ако имате лош ден, само да ви кажам дека денес скршив старо шише вино кое чини ...
Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“ „Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...
Хит видео: 3 продавачки ѝ вадат чизма на сопругата на Андрија Милошевиќ - актерот ѝ фаќа сеир Додека ја снима сопругата како пробува да ја извади заглавената чизма со помош о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg