Хит видео: 3 продавачки ѝ вадат чизма на сопругата на Андрија Милошевиќ - актерот ѝ фаќа сеир
Додека ја снима сопругата како пробува да ја извади заглавената чизма со помош од 3 продавачки и се смее, Андрија се жали дека никој никогаш во животот не го посрамотил толку многу. Виралното видео има над 2.1 милиони прегледи.

Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ се еден од омилените парови во регионот.
Актерите, кои долго време криеја дека се во врска, откако стапија во брак, постојано споделуваат работи од својот приватен живот, најчесто кога си фаќаат сеир еден на друг.
Надалеку се познати и видеата во кои Андрија со своите шеги се обидува да ја насмее сопругата, па не бира ни време ни место каде што ја снима.
И последното видео што го објави Андрија е вистински хит на Инстаграм.

Овој пат, тој ја снима Александра во продавница за чевли, додека 3 продавачки безуспешно пробуваат да ја соблечат чизмата која е заглавена на нејзината нога.
Александра се труди да им помогне на девојките да ја извадат заглавената чизма, но и самата се смее.
„Ова траеше 15 минути пред да почнам да снимам“, стои во описот на видеото.

А додека ја снима, Андрија се жали дека никој никогаш во животот не го посрамотил толку многу.
На крајот, едната од продавачките носи лажица за облекување чевли, па Александра успева да направи вакуум и така да ја извадат чизмата.
„Секако дека ги купив“ - напиша таа во коментар.
Кликнете и погледнете го видеото кое има над 2.1 милиони прегледи:
А. Ј. | Црнобело
