Српска пејачка ќе го крсти кучето, бара најдобрата другарка да му биде кума - Шеговитото видео е хит на ТикТок
„Се шегуваш сега? Не си нормална! Во ред, го разбирам тоа, но... О Боже, чекај да се прекрстам“ - вели пријателката на пејачката, која сепак прифаќа да биде кума на кучето.

Српската пејачка Сандра Африка ја насмеа јавноста со видео во кое ѝ вели на најдобрата другарка дека закажала крштевка за своето куче, па сега сака таа да му биде кума на Афри, но и дека ќе ја кани Весна Змијанац да пее на забавата.
Пејачката Сандра Африка постојано се снима за ТикТок, но едно од последните објавени видеа, ги насмеа нејзините следбеници.
Таа реши да го следи трендот на оваа социјална мрежа кој се шири вирално, а каде луѓе се јавуваат на свои пријатели и ги информираат дека ќе прават крштевката на своите миленици.

Па така, Сандра ѝ се јави на најдобрата другарка и ѝ кажува дека планира да си го крсти кучето Афри.
„Сега пакувам и одам на патување, но вчера заборавив да кажам - планирам да го крстам Афри на 10 декември“, вели пејачката, по што настанува штама.
„Дали е тоа можно? Каде воопшто се прави ова?“, прашува пријателката шокирана од разговорот, а Сандра ѝ кажува дека нашла црква и поп што крштева миленици во некое село и дека сака другарката да ѝ биде кума.
По напад на неконтролирано смеење, пејачката го прекинува разговорот со другарката, но таа ѝ се јавува, па вели:
„Се шегуваш сега? Не си нормална! Во ред, го разбирам тоа, но... О Боже, чекај да се прекрстам“.

Сандра, „влезена во филм“ продолжува со својата шега.
„Размислував да го крстам, па да направам цела забава. Ништо големо, моите, ти, ќе поканам околу 30-40 луѓе, не премногу.
Дури и помислив да ја поканам Весна Змијанац да пее, мора да има музика“, вели таа.
Погледнете го видеото што ќе ве насмее:
@sandraafrikamusic Morala sam da ispoštujem ovaj trend krštenja ljubimaca 😆😂
♬ original sound - Sandra Afrika
А. Ј. | Црнобело
