8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија
Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татко ми. Татко ти е милјардер? - Не, и тој сака да стане милјардер.

Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само добро да се насмееме.
Слободно дополнете ја листата, шегите на своја сметка се најсмешни, нели?
Неколку хит вицеви на тема пари:
- Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш?
- Сакам да станам милјардер како татко ми.
- Татко ти е милјардер?
- Не, и тој сака да стане милјардер.
- Мамо, зошто немаме пари?
- Имаме, душо, само што тие не се кај нас.
- Мамо, сакам нов телефон!
- Ќе ти купиме, душо, кога ќе добиеме на лото.
- Ама ние не играме лото!
- Е па толку ни се и шансите.
- Кога ќе ми легне платата, ќе живееме како кралеви!
- Колку дена?
- Еден.

- Мојата сметка е како љубовен живот – празна, но со многу очекувања.
- Тато, што значи да се биде финансиски стабилен?
- Тоа е кога остануваш без пари, ама си навикнат и не паничиш.
- Зошто не одиш на одмор?
- Јас одам. Ментално. Секој ден. На Малдиви.
- Сакам живот како во филм!
- Па, и имаш... само што си статист во трагедија.
Прочитајте и Хит вицеви за Македонците - на доктор, на аеродром, во сообраќај
С. С. | Црнобело
