Наташа Беквалац и првиот сопруг имаат по 3 разводи, на Твитер се шегуваат: „Не се давај Нато, мора да земеш злато“
„Ова е само борба за сребро, златото одамна си го обезбеди Дарко Лазиќ“, „Е, сега кога ќе си се смират“ - се шегуваат твитерџиите, откако Данило Икодиновиќ, првиот маж на Наташа Беквалац, откри дека се разведува третпат - три разводи има и пејачката.

Пред неколку дена во јавноста осамна веста дека поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, инаку прв сопруг на пејачката Наташа Беквалац, се разведува од својата трета сопруга.
Наташа, зад себе, исто има три разводи, па тоа ја поттикна креативноста на твитерџиите, кои се пошегуваа дека резултатот меѓу бившите сопружници сега е 3:3.

„Не се давај Нато, мора да земеш злато“, пишуваат тие, алудирајќи на тоа дека сега Беквалац мора да се омажи и разведе четврти пат.
Но ни другите коментари ги расположија оние што ги прочитаа, а најзабавен е оној на сметка на љубовниот живот на фолк-пејачот Дарко Лазиќ.
„Продолженија“,
„Мртва трка“,
„Не е дека броиме, ама...“,
„Ова е само борба за сребро, златото одамна си го обезбеди Дарко Лазиќ“,
„Е, сега кога ќе си се смират“.

За потсетување, Икодиновиќ се разведува од сопругата Маја Огњеновиќ по девет години брак.
Претходно беше оженет со Наташа Беквалац, која му беше втора сопруга, а прва му е Ања Икодиновиќ.

Наташа, пак, освен бракот со Данило, беше во брак и со Љубомир Ивановиќ и Лука Лазукиќ.

А. Ј. | Црнобело
