„Зошто се мучите?“: Шеговито видео од Скопски маратон - Аеродромци кулираат со гитара додека маратонците трчаат
На социјалните мрежи се споделува видео од двајца мажи кои ‘кулираат’ седнати во зелената површина среде булеварот во Аеродром - си распослале маса, пијат вода и кафе, едниот свири на гитара, а во тревникот покрај нив лежи куче, додека маратонците трчаат низ Скопје.

Вчера по 21-и пат низ улиците на главниот град се одржа традиционалниот Виз Ер Скопски маратон 2025, на кој трчаа рекордни 14.000 учесници.
Меѓу нив имаше такви кои беа на маратонот за да се натпреваруваат и победат, но и такви кои трчаа рекреативно, за забава.

А трчаа луѓе од сите возрасти, од деца, до 72-годипниот дедо Бале, кој во народна носија беше вистински херој и неформален победник на маратонот.
Сепак, имаше и такви кои не криеја дека не ги разбираат маратонците и нивната страст за трчање.

На социјалните мрежи се споделува видео од двајца мажи, кои ‘кулираат’ седнати во зелената површина среде булеварот во Аеродром.
Си распослале маса на кои стои, транспарент „Селско домаќинство Аеродром“, си пијат вода и кафе, едниот свири на гитара, а во тревникот покрај нив лежи куче.

„Зошто се мучите?“ - напишале на транспарентот кој стои на улицата покрај нив, додека маратонците трчаат пред нив.
Погледнете го хит-видеото:
Прочитајте и Бале Брзи (72) е херојот од Скопски маратон, истрча 42km во македонска народна носија: „Трчам уште од 1970-та“
А. Ј. | Црнобело
