„Добрата сопруга секогаш си го знае нејзиното место“ - Прирачник од 1955 година за добра домаќинка

Фасцинантно е кога дознаваме како луѓето живееле порано, особено кога откриваме дека многу работи од тогаш не се смениле многу. Сепак, понекогаш наидуваме на некои стари традиции коишто едноставно ни се неверојатни во денешно време.

Kako-da-se-bide-dobra-domakinka-01.jpg

Што се очекувало од добрите домаќинки во 1955 година и што сè тие требале да направат за нивните мажи?

Во мај, 1955 година, списанието „Housekeeping Monthly“ објавило напис со насловот „Упатство за добра сопруга“ во којшто се опишани начините на коишто жената треба да се однесува во домот и кон сопругот и децата.

Од денешен аспект би било чудно да се спроведуваат овие правила, но интересно е да се види како порано се однесувало општеството и што точно се очекувало од жените:

1. Вечерата треба да биде спремна. Планирајте однапред, дури и една вечер порано, за да може да имате спремен вкусен оброк, на време, за кога тој ќе се врати од работа. Ова е начин да му дадете до знаење дека сте мислеле на него и дека сте загрижени за неговите потреби.

2. Повеќето мажи се гладни кога си доаѓаат дома и можноста за добар оброк (особено ако е неговото омилено јадење) е дел од топлото добредојде кое им е потребно.

3. Подгответе се. Одвојте 15 минути за да се одморите, за да бидете свежи кога тој ќе пристигне. Поправете ја шминката, ставете панделка во косата и бидете свежи. Тој тукушто се вратил од работа и е многу уморен.

4. Бидете малку весели и позабавни за него. Неговиот досаден ден можеби треба да се развесели, а тоа е една од вашите задачи.

5. Расчистете ги насобраните садови. Поминете уште еднаш низ главниот дел од куќата пред да се врати маж ви дома. Соберете ги училишните книги, играчки, весници итн. а потоа поминете со крпа за прашина преку масите.

6. Во текот на ладните месеци од годината треба да запалите оган за тој да може да се опушти покрај него. Вашиот сопруг ќе се почувствува како да е во рајот благодарение на одморот и редот, а со него и вие ќе се расположите.

Сепак, грижењето за него ќе ве исполни со неизмерна лична сатисфакција.

7. Подгответе ги децата. Одвојте неколку минути за да им ги измиете рацете и лицата и да ги исчешлате и доколку е тоа неопходно, пресоблечете ги.

8. Децата се мало богатство и тој сака да ги види такви. Сведете ја буката на минимум кога тој ќе се врати, елиминирајте ги звуците од машината за перење, сушарата или правосмукалката. Обидете се да ги натерате и децата да бидат тивки.

9. Бидете среќни што ќе го видите. Ослободете го со топла насмевка и покажете искреност во вашата желба да го задоволите. Слушајте го.

10. Можеби имате дузина важни работи што сакате да му ги кажете, но не е време за тоа во моментот кога тој се враќа дома. Дозволете му прво нему да зборува, запамтете неговите теми за разговор се поважни од вашите.

11. Направете ја вечерта да биде негова. Никогаш не жалете се кога ќе се врати доцна или ќе излезе на вечера или на други места за забава без вас. Наместо тоа, потрудете се да го разберете неговиот свет на притисок и стрес и неговата реална потреба да биде дома и да се опушти.

12. Вашата цел: Осигурајте се дека вашиот дом е место на мир, ред и опуштеност, каде вашиот сопруг може да ги обнови телото и духот.

13. Немојте да го дочекувате со поплаки и проблеми.

14. Не жалете се како си дојде доцна за вечера или доколку остане надвор цела вечер. Сметајте го ова како мала грешка во однос на тоа што тој можеби морал да го преживее во текот на денот.

15. Направете да му е пријатно. Нека се опушти во удобна фотелја или нека прилегне во спалната. Имајте спремно ладен пијалак или топол напиток за него.

16. Наместете му ја перницата и понудете се да му ги собуете чевлите. Зборувајте со низок, смирувачки и пријатен глас.

17. Немојте да му поставувате прашања за неговите потези и да ги преиспитувате неговите постапки и интегритет. Запамтете, тој е господарот на домот и како таков секогаш ќе се почитува неговата воља, правдина и искреност. Немате право да го преиспитувате.

18. Добрата сопруга секогаш си го знае нејзиното место.

Дали вие би можеле да ги следите овие правила за домаќинките од 1955 година?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вицеви за Мујо и Хасо што ќе ве насмеат до солзи Речиси и да нема човек што некогаш не слушнал некој од вицевите за познатите Муј...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...
14 мини злосторства кои поминале неказнето заради шармот на виновниците 10 минути тишина во домот, одите во другата просторија, ви се крева коса од глет...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
(Откачени) инструкции за мажи - Што треба да правите кога жената плаче? „Ако вашата жена плаче, тогаш не треба да ја оставате сама. Но, бидете многу вни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg