Најиритантните работи што ги прават гостите кога одат во нечиј дом
Кога како гостин сами си разгледувате низ домот, ја менувате температурата на клима уредот и му давате храна на миленикот без дозвола, тогаш ги иритирате домаќините. Многу работи луѓето не би им ги кажале на гостите, но сепак ги иритираат.
Дури и ако ви изгледа дека на домаќинот не му пречи, постојат работи што ги прават гостите, а ги иритираат сите луѓе.
Работи што не треба да ги правите кога одите на гости:
Сами го истражувате нивниот дом
Ако одите првпат кај некој на гости или ако одите во нечиј нов дом, нормално е да сте во искушение да разгледате наоколу.
Сепак, немојте никако сами да истражувате.
Или чекајте домаќинот да ви направи тура низ домот, или побарајте дозвола.
Сами си облекувате влечки
Кога ќе отидете кај некого, немојте сами да си облечете влечки откако ќе влезете.
Ако домаќинот не ви понуди, а ви студи, побарајте.
Носите уште еден гостин без најава
Ако сте поканети само вие, не е во ред со себе да понесете уште еден гостин, без разлика дали е тоа сопруг, пријател или кој било. Секогаш прво прашајте го домаќинот.
Постојат безброј причини зошто некој не би сакал уште еден (ненајавен) гостин.
Пробувате да скриете кога ќе скршите или извалкате нешто
Незгодите како валкање со храна или кршење чаша се сосема нормални.
Ако ви се случат додека сте на гости, не пробувајте да ги скриете - кажете и помогнете во средувањето.
Домаќинот нема да ви замери за ваквите незгоди, но сигурно ќе се почувствува лошо ако најде скриена дамка од вино на тепихот откако ќе си заминете.