Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена)

Облека за посебни пригоди

Светкави чевли, наметки од тул, свилени фустани што нема да ги облечете повеќе од еднаш или двапати – сите овие парчиња што ги купувате за посебни пригоди чинат многу, а потоа ги ставате во плакарот и никогаш повеќе не ги носите.

Дури и кога купувате „специјална облека“ избирајте нешто што ќе можете да го облечете повеќепати.

8-sekojdnevni-raboti-bez-koi-ne-mozheme-a-ni-go-praznat-parichnikot-08_copy.jpg

Влажни марамчиња и хартија за бришење раце

Овие производи за една употреба можеби не се скапи, но ако земете предвид колку пакувања трошите неделно или месечно, тогаш тоа се навистина многу пари.

За да бидете поекономични, купете крпи или салфетки од микрофибер кои се за повеќе употреби и кои ќе можете да ги користите 6 месеци до 1 година.

8-sekojdnevni-raboti-bez-koi-ne-mozheme-a-ni-go-praznat-parichnikot-04.jpg

Пакувани салати или месо

Сè почесто, младите особено, купуваат пакувана храна или храна на парче – исечкани и измиени салати во кесичка, вакуумирано парче месо и слично. Салатата мора да ја ставите во чинија, да ја зачините, месото да го посолите и испечете/сварите/испржите.

Па, зошто тогаш не потрошите 5 минути повеќе и не купите салата која самите ќе ја измиете и исечкате, или поголемо парче месо кое ќе го поделите на 2-3 дела и ќе го ставите во фрижидер или замрзувач вишокот?

Чини многу поевтино, а разликата е во 5 до 10 минути подолго приготвување.

8-sekojdnevni-raboti-bez-koi-ne-mozheme-a-ni-go-praznat-parichnikot-02.jpg

Пакувана вода

Освен ако немате проблеми со дигестивниот систем или водата во вашиот дом е со премногу бигор, зошто да купувате вода во шишиња?

Водата од чешма е одлична за пиење. А и проблемот со бигорот може да се реши со филтер, кој се менува еднаш до двапати годишно.

8-sekojdnevni-raboti-bez-koi-ne-mozheme-a-ni-go-praznat-parichnikot-09.jpg

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Пица, шпагети: Храна која нам ни е секојдневие, но била егзотична за нашите баби и дедовци „Баба ми ми раскажуваше за моментот кога првпат пробала пица – имала околу 40 го...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg