Вработена во хотел со предупредување: „Зошто никогаш не треба да го користите шампонот оставен во хотелските соби?“

Дали сами си носите средства за хигиена во хотел или ги користите оние што ви се понудени во тоалетот од вашата соба? Една жена која работи како хотелски менаџер даде предупредување зошто никогаш не треба да ги користите понудените средства за хигиена во хотелите.

vrabotena-vo-hotel-so-predupreduvanje-zoshto-nikogash-ne-treba-da-go-koristite-shamponot-ostaven-vo-hotelskite-sobi-01.jpg

На ТикТок е објавено корисно видео од една жена од САД која работи како патувачки менаџер во хотели, а на социјалната мрежа редовно споделува трикови и совети за тоа на што треба да внимавате кога престојувате во хотел.

Според неа доколку имате среќа да престојувате во хотел каде има шампон, сапун, купка и регенератор за коса во тоалетот, по секоја цена овие производи треба да ги избегнувате и да користите само свои.

„Никогаш немојте да ги користите овие производи во хотел. Верувајте ми“ – напиша таа на видеото.

vrabotena-vo-hotel-so-predupreduvanje-zoshto-nikogash-ne-treba-da-go-koristite-shamponot-ostaven-vo-hotelskite-sobi-02.jpg

Според неа објаснувањето е мошне едноставно.

Капачињата со пумпиците многу лесно се отвораат и секој може да стави во нив што сака.

„Гостите што биле пред вас во собата во нив може да стават што сакаат: боја за коса, белило... Затоа подобро е никогаш да не ги користите“ – рече таа и предупреди дека заради тоа најдобро е сами да си носите средства за хигиена во мини амбалажа.

vrabotena-vo-hotel-so-predupreduvanje-zoshto-nikogash-ne-treba-da-go-koristite-shamponot-ostaven-vo-hotelskite-sobi-03.jpg

Според неа, ако немате ваши средства, добро би било да се јавите на рецепција и да побарате постоечките да се заменат со нови.

https://www.tiktok.com/@travelinghotelmanager/video/7260300300433591594

Во коментарите повеќе нејзини следбеници се сложија со нејзиното предупредување, па рекоа дека слушнале и за пострашни работи што може да бидат ставени во шишињата:

„Слушнав дека некои луѓе ставале и телесни течности во овие шишиња“;

„Секогаш носам сопствени средства за хигиена. Не ми се допаѓаат хотелските сапуни“;

„Видов слично видео во кое беше ставена течност за депилација и ја уништија косата на девојката“ – стои во дел од коментарите.

vrabotena-vo-hotel-so-predupreduvanje-zoshto-nikogash-ne-treba-da-go-koristite-shamponot-ostaven-vo-hotelskite-sobi-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg