Луѓе од село во Турција комуницираат со свиркање - без проблем се разбираат на голема раздалеченост

Овој едноставен и уникатен начин на комуникација бил измислен кога немало струја, а е познат под називот „птичји јазик“. Мештаните на турското село Кушкој го користат и да најават свадби, родендени, погреби, но никако за додворување.

lugeto-od-selo-kuskoj-ne-zboruvaat-tuku-svirkaat-bez-problem-se-razbiraat-na-golema-razdalecenost-001.jpg

Сместено во дождливото планинско подрачје во близина на Црното Море, селото Кушкој во северна Турција, кое има околу 600 жители, по многу нешта е единствено во светот.

Кушкој има една улица со пекара, месара и неколку кафеани. Најпознато е по уникатниот начин на комуникација на локалците - свиркање.

Дури и пред да биде измислен мобилниот телефон, овој неверојатен јазик на свиркање им овозможувал на селаните да комуницираат без проблем на долги растојанија, стотици години, а поради неговата специфичност се користи до ден-денес.

lugeto-od-selo-kuskoj-ne-zboruvaat-tuku-svirkaat-bez-problem-se-razbiraat-na-golema-razdalecenost-003.jpg

Со оглед на непристапноста на теренот, куќите во овој крај иако не се премногу оддалечени една од друга, на мештаните им треба многу време за да отидат едни кај други, токму затоа и свиркаат.

Тој звук, велат тие, е многу повеќе од само свиркање. Попродорен е од човечкиот глас бидејќи се слуша на километри, над полињата со чај и лешници, кои се едни од доминантните земјоделски култури во овој регион. 

Денес, поради зголемената употреба на мобилни телефони кои ја елиминираат потребата од свиркање, се намалува бројот на луѓе кои го користат, па овој единствен јазик е во голема опасност од целосно изумирање.

lugeto-od-selo-kuskoj-ne-zboruvaat-tuku-svirkaat-bez-problem-se-razbiraat-na-golema-razdalecenost-06_copy.jpg

Не се единствени

Турција е една од неколкуте земји во светот каде што воопшто постои јазикот на свиркање. 

Сличен начин на комуникација е препознаен на Канарските Острови, Грција, Мексико и Мозамбик. 

Тоа ги фасцинира истражувачите и јазичните експерти, бидејќи тие претпоставуваат дека мозочните структури кои го обработуваат јазикот не се толку фиксирани како што некогаш се мислеше. 

Долго време се веруваше дека толкувањето на јазикот главно се одвива во левата страна на мозокот, а мелодијата, ритамот и пеењето во десната.

Но, темелното истражување на турски биопсихолог во оваа област сугерира дека јазикот на свиркањето се обработува во двете хемисфери.

lugeto-od-selo-kuskoj-ne-zboruvaat-tuku-svirkaat-bez-problem-se-razbiraat-na-golema-razdalecenost-004.jpg

Шампионка во свиркање

50-годишната мештанка Муазез Коџек, која важи за најдобар свиркач во овој регион, вели дека земјата мора да направи сѐ за да го заштити овој јазик што е можно поскоро, бидејќи тоа е нивно наследство.

И покрај напредокот на модерната технологија, локалното население треба продолжи да го користи. 

Јазикот на птиците почнала да го учи уште од рана возраст, кога била шестгодишно девојче. Секојдневно работела на полињата со својот татко и го слушала како тој лесно може да комуницира со селаните кои биле толку далеку што не можеле ни да се видат. 

Таа се обидела да им ја пренесе традицијата на трите ќерки. Иако сите го разбираат многу добро, само средната може без проблем да го користи.

lugeto-od-selo-kuskoj-ne-zboruvaat-tuku-svirkaat-bez-problem-se-razbiraat-na-golema-razdalecenost-02.jpg

Може да се користи за сѐ, освен за додворување

Со свирежи се најавуваат свадби, раѓања и погреби, дури и да се покани некој на чај.

Единственото нешто што не е дозволено е додворувањето и да му изјавите љубов на партнерот, бидејќи цело село ќе разбере дека некој е вљубен.

lugeto-od-selo-kuskoj-ne-zboruvaat-tuku-svirkaat-bez-problem-se-razbiraat-na-golema-razdalecenost-03_copy.jpg

Под заштита на УНЕСКО

УНЕСКО го вклучи птичјиот јазик во својата листа за нематеријално културно наследство во 2017 година.

Од 1997 година, селото Кушкој е домаќин на годишниот Фестивал на јазикот, културата и уметноста на птиците, каде секоја година се собира целата заедница за да ги покаже своите вештини во оваа дисциплина. 

Тоа е голем настан за нив, а селото тогаш го посетуваат луѓе од целиот свет.

На натпреварувачите им се даваат детални инструкции за тоа што да исвиркаат пред комисијата, која на крајот го прогласува победникот. Победникот потоа е „крал“ на селото.

lugeto-od-selo-kuskoj-ne-zboruvaat-tuku-svirkaat-bez-problem-se-razbiraat-na-golema-razdalecenost-05.jpg

И, на самиот крај, можеме само да ви го пренесеме она мештаните постојано го повторуваат:

„Можете да го изгубите или скршите телефонот, но додека дишете, можете да свиркате.

Ова е средство за комуникација што можете да го носите со себе насекаде, и затоа не треба да дозволиме да се заборави“.

lugeto-od-selo-kuskoj-ne-zboruvaat-tuku-svirkaat-bez-problem-se-razbiraat-na-golema-razdalecenost-002.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Како изгледаат деловите од нашето тело под микроскоп? Сте виделе ли како изгледа човечкиот јазик или, пак, кожата под микроскоп? Ст...
Селото со повеќе страшила отколку жители - секој кукла е направена по некој починат жител Во селото повеќе нема деца и има само 27 жители, но секоја година го посетуваат ...
Биле во врска, ладнокрвно убиле две жени: Злосторството на сестрите Папин за кое се зборува и 90 год... Сетрите Папин биле опседнати една со друга, неразделни, никогаш не зборувале, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg