Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ни на памет

Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби правеле некои од овие работи и дали и вас ве научиле како да го правите ова?

raboti-koi-site-domakjinki-vo-jugoslavija-gi-pravele-a-denes-ne-ni-pagjaat-na-pamet-01.jpg

Доколку ги прашате луѓето кои живееле во некогашна Југославија, ќе ви кажат дека животот во најмала рака тогаш бил порелаксиран.

Жените биле посмирени како мајки и сопруги и ниту една не била оптоварена со тривијални работи, а никој не ги доведувал во прашање нивните родителски квалитети.

Од друга страна, она што го правеле жените тогаш, денес нам не ни паѓа ни на памет.

Вриеле постелнина за да биде кристално чиста

Денешната постелнина е уметничко дело. 

Порано целата постелнина била бела, а за да ја зачуваат таа белина, жените со часови вриеле чаршафи и навлаки за перници во тенџериња на шпорет.

Во водата додавале сода и сапун, а во студените денови додавале сол во водата, за постелнината да не замрзне додека се суши на жица.

Кога нашите баби биле млади, постелнината не се перела во зима.

На шпорет се вриеле само долната облека и детските пелени.

Кога ќе пристигнела пролетта, домаќинките почнувале да ги перат работите што се собирале преку зима. 

Во средината на шеесеттите се појавиле првите машини за перење, кои станале подостапни за обичните граѓани дури во осумдесеттите. 

Ако поседувале машина за перење, жените се чувствувале како кралици. 

raboti-koi-site-domakjinki-vo-jugoslavija-gi-pravele-a-denes-ne-ni-pagjaat-na-pamet-03.jpg

Штиркале

Денес, на интернет може да пронајдете детално објаснување за целиот процес на штиркање.

Штирканите работи ја задржуваат својата форма сѐ до перењето, тешко се гужваат и подолго остануваат чисти.

Порано се штиркало буквално сѐ: од облеката што ја носеле, до чаршафите за маса.

Доколку сакате да штиркате треба облеката после перење да ја ставите во раствор со скроб, а потоа да ја исцедите и испеглате.

raboti-koi-site-domakjinki-vo-jugoslavija-gi-pravele-a-denes-ne-ni-pagjaat-na-pamet-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg