12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации

Да подобрите или да промените нешто во животот

Колкупати ви се случило луѓето со неверување да реагираат кога ќе им кажете дека планирате да направите позитивна промена во животот или да ве критикуваат?

„Ти ќе го направиш тоа? Како да не?“

Но, сфатете дека критиките на луѓето не се поврзани со вас, туку повеќе зборуваат за недостатокот на самодоверба на личноста што ви го кажува тоа и за нејзината потреба да се чувствува супериорно.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-08.jpg

Да се држите настрана од токсичните роднини

Велат дека крвта не е вода, но оваа поговорка станува банална ако се чувствувате неудобно во друштвото на некои блиски луѓе. Ако не успевате да ги решите проблемите со разговор, тогаш држењето дистанца станува најдобро решение!

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-09.jpg

Да згрешите

Сосема е нормално да згрешите додека работите нешто и бесмислено е некој да ве критикува за грешките што сте ги направиле ненамерно.

Впрочем, преку грешките ние учиме како да станеме подобри во иднина, стануваме повнимателни, посамокритични и поодговорни.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-10.jpg

Да разговарате за деца на почетокот на врската

Подобро е на самиот почеток да ги поставите тешките прашања за да знаете дали со личноста со која почнувате да се гледате имате исти ставови и сфаќања за животот. На тој начин нема да си го губите времето, и на крај нема да останете разочарани.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-11.jpg

Да се грижите за децата ако сте машко

Сè уште има голем број луѓе што веруваат дека грижата за децата е само женска работа, па веднаш коментарите за грижата или негрижата ги префрлаат врз мајката.

Но, денес има и самохрани татковци и воопшто не треба да останете збунети ако ви кажат дека сами се грижат за своето дете.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-12.jpg

Мажите не се мачкаат со крем за сончање

Иако некому може да му звучи чудно, постојат мажи што веруваат дека кремовите се само за жени и ги задеваат оние што се грижат за себе.

Вистината е дека кремот за сончање е наменета за двата пола и треба да ве заштити од изгореници, но и од рак на кожата.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-13.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава