Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот

Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле во љубовна врска, а секој кој ќе им застанел на патот бил убиван.

incesti-i-blud-ubistva-i-kriminal-detali-za-najizopachenoto-semejstvo-vo-svetot-01.jpg

Борџија е шпанско благородничко семејство, по потекло од Арагон.

Тие владееле во градот Гандија во провинцијата Валенсија пред да се преселат во Рим во 15 век.

Сѐ започнало со Родриго Борџија и неговите деца - Чезаре и Лукреција Борџија.

incesti-i-blud-ubistva-i-kriminal-detali-za-najizopachenoto-semejstvo-vo-svetot-04.jpg

Родриго Борџија всушност е роден како Родриго де Ланцол. 

Тој го зел презимето на неговата мајка Борџија откако неговиот вујко Алфонсо де Борџија бил избран за прв шпански папа под името Калист III. 

Родриго станал кардинал, а кога умрел папата Инокентиј во 1492 година, станал папа под името Александар VI. 

За таа позиција се борел испраќајќи безброј мазги натоварени со сребро да ги поткупат кардиналите, а како што дошол на власт, така и владеел и сѐ до денес се памети како еден од најконтроверзните папи.

Тој бил сè само не понизен и скромен човек. 

Уживал во лов, храна, пијалак и, пред сѐ, обожавал жени.

incesti-i-blud-ubistva-i-kriminal-detali-za-najizopachenoto-semejstvo-vo-svetot-03.jpg

60-годишниот папа имал 9 деца. 

Тој без срам ја донел својата 14-годишна љубовница Џулија Фарнезе во Ватикан. 

Што се однесува до семејството, тој преселил „само“ четири од неговите омилени деца во Рим - Чезаре, Хуан, Лукреција и Хофре.

Тој бил вешт дипломат и политичар и ќе остане запаметен по ова повеќе отколку по неговите достигнувања на полето на духовниот живот.

incesti-i-blud-ubistva-i-kriminal-detali-za-najizopachenoto-semejstvo-vo-svetot-06.jpg

Ѓавол со лице на ангел

Синот на папата, Чезаре Борџија, кој го добил со неговата љубовница Ваноса де Катанај, бил еден од најзгодните мажи во Италија.

Тој бил висок, атрактивен и обожавал убава облека, забави и жени. 

Со текот на годините, тој добил најмалку 11 деца, од кои некои подоцна го користеле презимето Борџија.

Чезаре станал свештеник на 15 години, а кога татко му бил прогласен за папа, станал кардинал на само 18 години. Сето ова веројатно било идеја на Родриго Борџија да ја претвори папската круна во наследна, со неговото семејство како династија.

Но, Чезаре секогаш мечтаел за воена кариера, а на 17 август 1498 година, тој станал првиот човек во историјата што доброволно се одрекол од својата кардинална титула за да се посвети на армијата.

incesti-i-blud-ubistva-i-kriminal-detali-za-najizopachenoto-semejstvo-vo-svetot-09.jpg

Продолжува на следната страница..



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава