Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да препознаете дали облеката што ја купувате е квалитетна (без разлика на цената)?

Проверка со влажни марамчиња

Чест проблем кај неквалитетните фармерки е тоа што испуштаат боја. А, покрај тоа што може да ви ги обојат нозете, може да ви ја уништат и облеката што ја перете со нив.

Кога фармерките пуштаат боја, тоа значи и дека ќе избледат многу брзо.

За да проверите дали станува збор за квалитетен пар, поминете по фармерките со влажно марамче. Ако на марамчето остане боја, подобро купете друг модел.

kako-da-prepoznaete-dali-oblekata-shto-ja-kupuvate-e-kvalitetna-bez-razlika-na-cenata-06.jpg

Проверете ги патентите и копчињата

Патенти кои заглавуваат, копчиња кои се кршат лесно – сето ова укажува на облека со лош квалитет.

Патентот на облеката секогаш треба да се закопчува лесно. Покрај тоа, кога станува збор за поелегантни парчиња, патентот обично е потполно скриен.

Кога станува збор за копчиња, најдобро е да се избегнуваат пластичните.

Доколку сепак сакате да купите нешто со пластични копчиња, осигурете се дека се дебели и дека нема да се скршат.

kako-da-prepoznaete-dali-oblekata-shto-ja-kupuvate-e-kvalitetna-bez-razlika-na-cenata-07.jpg

Обрнете внимание на мирисот

Сигурно сте забележале дека кога ќе купите некоја облека, мириса непријатно, како некое хемиско средство.

Ако облеката мириса навистина лошо, тогаш најверојатно е изработена од неквалитетни, синтетички материјали.

kako-da-prepoznaete-dali-oblekata-shto-ja-kupuvate-e-kvalitetna-bez-razlika-na-cenata-08.jpg

Проверете ги шевовите

Кај фармерките, шевовите на ногавиците секогаш треба да бидат прави.

Односно, кога ќе ги облечете, шевовите не треба да се искривуваат кон напред или назад, туку да „легнат“ по страната на ногата.

kako-da-prepoznaete-dali-oblekata-shto-ja-kupuvate-e-kvalitetna-bez-razlika-na-cenata-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења) Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg